Црква „Св. Илија“ - Челопеци
црква во селото Челопеци, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — главна селска црква во кичевското село Челопеци, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа над самото село и преовладува со својата камбанарија, на која е издигнат крст. Околу црквата се сместени и селските гробишта.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во горниот дел на селото.[2]
Историја
Црквата била започната со изградба во 1861 година,[3] иако според истражувањето на Јован Трифуноски се тврди дека била подигната во 1880 година на местото на постара црква. Градењето било помогнато од тогашниот сопственик на чифликот Мијалче, Влав од Крушево.[2]
Во 1910 година била обновена на иницијатива на селаните.[3]
Архитектура
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис, кој бил насликан од страна на зографот Јаков Мажовски од селото Лазарополе.[3]
Фрескоживописот бил обновен во 1999 година од страна на Бошко Попоски од Кичево.[3]
Иконостас
Иконостасот во црквата бил изработен од познатиот Дичо Зограф од селото Тресонче.
Галерија
- Ниша над главниот влез
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Главниот влез
- Апсидата
- Помошниот објект
- Споредниот влез
- Гробиштата околу црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads