Апостол Тома
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Апостол Свети Тома, уште познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли. Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение. Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римското Царство да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија. За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет.

Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротивставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил: “Да одиме и ние да умраме со Него“. Свети Тома е единствениот апостол кој не присуствувал на погребот на Пресвета Богородица. Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија.
Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули.
Во Православната црква, Источнокатоличката црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Великден. Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври.
Remove ads
Апостол Тома како мотив во уметноста
- „Томината лекција“ - песна на руската поетеса Марина Цветаева од 1923 година.[1]
Надворешни врски
- (англиски) Апостол Тома Архивирано на 6 јуни 2012 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
