Стрез

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Севастократор Стрез — средновековен македонски владетел на Просек (1207-1214), областа околу денешниот град Демир Капија и Струмица, севастократор, роднина на бугарската владетелска фамилија.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Владеење

Thumb
Смртта на Стрез, фреска од трпезаријата во манастирот Хиландар (1622)

Во почетокот на 13 век, ја загубил борбата за испразнетиот бугарски престол, по смртта на Калојан, и се засолнил во Србија. Со српска помош завладеал со добар дел од Македонија со центар во Просек (1207) и создал свое феудално владение. Во 1207 година Стрез се утврдил во градот Просек и започнал да владее како независен владетел. Неговата власт се протегала од Скопје до Охрид и Бер на југ, а на исток териториите до планините Огражден и Беласица. Стрез бил воинствен владетел. Постојано преземал походи за проширување на своите територии, особено на југ кон Солун. Поради тоа морал да води неколку војни против Солунското латинско кралство (1210). Во почетокот имал успех и освоил некои латински територии, но подоцна бил принуден да се повлече. Решавачката битка со Латините се одиграла пролетта 1211 година во Пелагонија. Стрез доживеал катастрофален пораз во битката и повеќе не преземал напади на Солунското латинско кралство. Потоа започнал да се подготвува за напад на Србија (1214). По неуспехот на Сава Немањиќ да го одврати од планираниот напад, бил организиран заговор и бил ликвидиран (1214).

Remove ads

Наводи

Loading content...

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads