Северна Германија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Северна Германија е географска област на северот на Германија. Првичниот германски концепт за северна Германија е наречен Norddeutschland.
Географија
Главните теренски одлики на Северна Германија се блатата долж крајбрежјето на Северното Море и Балтичкото Море и ниски терени во внатрешноста. Исто така, познати се и ниските ридови кај Балтичките Висорамнини, морени, терминални морени, леднички долини и мочуришта. Овие одлики биле формирани во текот на последното ледено доба и има контраст со Централните Висорамнини на Германија (како што се Харц) и Тевтобуршка Шума, кои повремено се вклучуваат како дел од Северна Германија.
Алтмарк во Саксонија-Анхалт, северната област на Бранденбург со Пригниц и Укермарк и Вестфалија се сметаат како дел од северногерманската област.
Remove ads
Историја
Ханзата е дел од заедничката историја и култура на градовите во Северна Германија со Метрополитенската област Хамбург како модерен центар. Долногермански е историски јазик во оваа област (видете: Бенратска линија).
Северногермански покраини
Терминот Северногермански покраини е често користен за следниве сојузни покраини на Германија:
Во некои случаи, исто така, се сметаат и овие континентални држави:
Северна Германија како област или како историски крај вклучува и други области од други сојузни покраини (види географија погоре).
Поврзано
- Јужна Германија
- Централна Германија, Средна Германија
- Западна Германија, Источна Германија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads