Седумаголник

From Wikipedia, the free encyclopedia

Седумаголник
Remove ads

Седумаголникмногуаголник со седум темиња и седум страни.

Кратки факти Правилен седумаголник, Вид ...

Правилен седумаголник

Правилниот седумаголник е седумаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви.

Внатрешните агли на правилен седумаголник имаат по 128,57° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било седумаголник изнесува 900°.

Ако основната страна на седумаголник е , неговата плоштина се определува со формулата:

Плоштината може да се пресмета и со: каде - е полупречник на опишаната кружница, а - е полупречник на впишаната кружница.

Периметарот на седумаголникот чија страна е со должина ќе биде еднаков на односно или .

Remove ads

Конструкција

Правилен седумаголник не може да се конструира со шестар и линијар. Во 1796 година Гаус докажал дека правилен n-аголник може да се конструира со помош на шестар и линијар само кога е прост број во облик , каде , за . Како 7 е прост број кој го нема тој облик, конструкцијата на правилен седумаголник не е можна.

Thumb
Конструкција на внатрешен агол во правилен седумаголник со помош на обележен линијар

Можно е да се изведе конструкција со помош на обележен шестар и линијар, но таа не се прифаќа како математички коректна.

Remove ads

Каде може да се види седумаголник

Некои монети кои денес се користат во Обединетото Кралство, како некои монети во Европската унија имаат изменет облик на правилен седумаголник затоа што таквите парички се со карактеристичен облик и лесно можат да се препознаваат на допир, а од друга страна имаат неочекувана особина, иако немаат кружен облик можат да се користат во апаратите кои работат со монети.

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads