Шестаголник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шестаголник — многуаголник со шест темиња и шест страни.
Правилниот шестаголник е шестаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви.
Внатрешните агли на правилен шестаголник имаат по 120° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било шестаголник изнесува 720°. Како што е можно да се покрие рамнина со рамнострани триаголници или квадрати, и правилниот шестаголник ја има таа особина.
Пчелното саќе има основни елементи во облик на шестаголник токму затоа што таквата форма овозможува ефикасна и економична употреба на просторот и материјалот од кого е изградено.
Ако забележиме дека правилниот шестаголник е составен од 6 рамнострани триаголници, неговата површина ќе биде шест пати поголема од површината на рамностран триаголник и ако неговата страна е со должина , ќе биде дадена со формулата:[1]
Периметарот на шестаголник чија страна е со должина е еднаков на , должината на дијагоналата е .
Remove ads
Правилен шестаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар. Следнава анимација ја илустрира чекор по чекор конструкцијата на правилен шестаголник која ја дал Евклид во своите „Елементи“.

Секој шестаголник кој не е правилен се нарекува неправилен. Овој вид може да ги има следниве облици:
![]() | ||
Вкрстен шестаголник | Испакнат шестаголник | Вдлабнат шестаголник |
Темиња | Страни | Дијагонали |
6 | 6 | 9 |
Каде може да се види шестаголник
- Поглед од воздух на Форт Џеферсон во националнион парк Драј Тортугас
- Пчелно саќе
- Микрофотографија на снегулка
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads