Седумточкеста бубамара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Седумточкеста бубамара (Coccinella septempunctata), (или во Северна Америка „Ц-7“ [1]) е најчеста бубамара во Европа. Нејзините наткрила се со црвена боја со три црни точки секоја од нив, при што една дополнителна точка се простира на двете, создавајќи вкупно седум точки, според кои овој вид ги добил неговите вообичаени и научни имиња (од латински septem = "седум" и punctus = "точки").
Remove ads
Биологија



Седумточкестата бубамара има широк еколошки опсег, обично живее таму каде што има лисни вошки со кои се храни.[2] И возрасните и ларвите се незаситни грабливци на лисни вошки, и заради ова, седумточкестата бубамара е донесена во Северна Америка како агент за биолошка контрола за намалување на бројот на лисни вошки, и веќе е назначена како официјален државен инсект од пет различни држави (Делавер, Масачусетс, Њу Хемпшир, Охајо и Тенеси). Се раѓаат една или две генерации годишно. Возрасните зимата ја минуваат во парковите, градините и во близина на шуми, на трева и под кората на дрвјата и карпите.
Во Велика Британија постојат стравувања дека бројот на единки од седумточкестата бубамара е намален поради борбата за храна со азиската бубамара.[3] Спротивно на тоа, во Северна Америка, овој вид надмина многу домашни видови. Масивни роеви од седумточкеста бубамара се појавиле во сушното лето 1976 година во Велика Британија.[4] Порано овие бубамари често се среќавале на островот Малта, но со текот на годините намален е нивниот број.[2]
Remove ads
Анатомија и физиологија
Возрасна седумточкеста бубамара може да достигне должина на тело од 7,6 - 10 мм. Нивните карактеристични точки и привлечните бои очигледно ги прават несакани за грабливците. Видот може да лачи течност од зглобовите на нозете што им дава лош вкус. Загрозената бубамара може и да се прави мртва и да излачува материја со лоша миризба за да се заштити.[5]
Распространетост
Може да се најде во Европа, Северна Африка, Австралија, Кипар, европскиот дел на Русија, Кавказ, Сибир, рускиот далечен исток, Белорусија, Украина, Молдавија, Транскавказија, Казахстан, Средна Азија, Западна Азија, Среден Исток, Авганистан, Монголија, Кина, Северна и Јужна Кореја, Пакистан, Непал, Северна Индија, Јапонија, Југоисточна Азија. Исто така седумточкестата бубамара била донесена во Северна Америка, а ја има и во тропскиот дел на Африка.[6]
Седумточкестата бубамара ја има во Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads