Селенид

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Селенидхемиско соединение кое го содржи селенскиот анјон со оксидациски број −2 (Se2−), како што е случај со сулфур за сулфидот. Селенидите и сулфидите имаат слична хемија. Како кај сулфидите, селенидниот јон Se2− во воден раствор преовладува само во многу базни услови. Во неутрални услови, најчест е селеноводородниот јон (HSe). Во кисели услови се образува селеноводород (H2Se).

Некои селениди оксидираат на воздух. Пораги поголемата редуктивна моќ на селенидот, металните селениди полесно се разложуваат на нивните елементи отколку сулфидите (телуридите се уште полабилни). Селенидите се електропозитивни метали: алуминиум селенидот лесно се хидролизира, дури на влажен воздух, и дава токсичен селеноводороден гас.

Чистите селенидни минерали се ретки, па затоа селенот делумно се заменува со сулфид во многу сулфидни минерали. Степенот на замена има стопанско значење само кај бакаросулфидните руди, каде селенот се добива како нуспроизвод во прочистувањето на бакарот. Некои селенидни минерали се фероселитот и умангитот.[1]

Remove ads

Реакции

Алкалнометалните селенидни реагираат со елементен селен, давајќи соли на полиселенид.

Квантни точки

Thumb
Јадрено-обвивна сулфидна/селенидна квантна точка.

Металоселенидните квантни точки и наночестички можат да се добијат со разни постапки, од кои многу бараат висока температура и опасни претходнички соединенија.[2] Честичките може да се прилагодат за различни намени со измена на лигандите координирани со позитивно наелектризираниот надворешен слој. На располагање се многу реакции на замена на лиганди, заменувајќи лиганди од типот X, L и Z — механизам кој сè уште се проучува.[3]

Remove ads

Примена

Квантните точки од метални селениди се користат нашироко поради особени спектарски својства.[4] Јадрено-обвивните легури на кадмиум сулфидот наоѓаат примена во снимањето и светлинската терапија.[5]

Примери

  • Галиум(II) селенид
  • Индиум(III) селенид
  • Натриум селенид
  • Кадмиум селенид
  • Цинк селенид
  • Олово селенид
  • Бакар селенид

Поврзано

  • Сулфоселенид

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads