Селиште (Гевгелиско)

поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Селиште (Гевгелиско)map
Remove ads

Селиште или Гуршет — поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Селиште, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало северно од с. Љумница, на место на самата денешна граница со Р Македонија, југоисточно од селото Ума преку границата.[1]

Историја

Ова мало македонско село се распаднало на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Оваа судбина ги снашло и другите околни ридско-планински села. Неговите жители се преселиле во Љумница, а нивните потомци и денес имаат имоти во некогашниот атар на Селиште. Имаат посебни гробишта, одвоени од другите, веројатно бидејќи нивните предци се Македонци, а околните жители се Власи.[1]

Топонимите „Селишта“ и „Горшет“ опостојуваат и денес. Првото е во атарот на Ума, а второто е месност на која стои гранична пирамида.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads