Селиште (Петралица)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Селиштеархеолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Петралица. Претставува населба од доцноантичкото време и средновековна некропола. Северно од селото, од левата страна на селскиот поток и под наоѓалиштето Градиште, на простор од 3 хектара, на повшрината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. Најдени се и повеќе монети. Од овие наоѓалишта потекнува депо од фолеси од I и II тетрархија. Монетите ги нашол Ј.Давидов во 1950 година, во еден керамички сад источно од црквата. Од депото кое содржело повеќе од 400 монети. Музејот на Македонија откупил 374. На околу 100 метри северно од црквичето посветено на Свети Ѓорѓи, на една карпа се издлабени два крста од кои едниот има форма слична на крстовите на хумските повелби или на босанските саркофази. Во нивата на еден жител е откриена голема камена плоча на кој има врежани крстови со различни форми и повеќе нејасни знаци.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads