Црква „Св. Ѓорѓи“ - Петралица

црква во Петралица, Кривопаланечко From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Петралицаmap
Remove ads

Св. Великомаченик Ѓорѓи (или Св. Богородица)[1]православна црква во кривопаланечкото село Петралица, Општина Ранковце. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[2]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата се наоѓа во маалото Пардинци. Изградена е во XIX век, но извесни архитектонски елементи укажуваат на тоа дека станува збор за обновена градба од XVII или XVIII век. Живописана е во 1886 г., но на речи целата источна страна има траги од постари фрески. Се истакнуваат царските двери, кои датираат XVIXVII век, изложени во Националниот конзерваторски центар во Скопје.[3] Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на многубројни цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни.[1] Слични двери имаат црквите „Св. Богородица“ во Ранковце, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Никола Чудотворец“ во Кратово и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads