Петралица

село во Општина Ранковце From Wikipedia, the free encyclopedia

Петралицаmap
Remove ads

Петралица — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел на Општина Ранковце, сместено од десната страна на Крива Река. Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 23,5 километри од Крива Паланка и 9,5 километри од општинскио центар Ранковце.

Претставува рамничарско-ридско село со урбанизирана населба покрај самиот магистрален пат и маал од растурен тип во повисоките делови. Воедно, како дел од Петралица се смета и селото Баратлија, иако постои како засебна целина.

Од општинското средиште Ранковце е оддалечено пет километри и има добри врски со другите околни населени места, а во самото село постои автобуска станица.

Атарот на селото се простира на 44,2 км2 и со тоа е најголемо село по површина во општината.

Remove ads

Историја

Историските податоци за селото покажуваат дека на територијата на денешното село постоеле населби од доцното античко време.

Стопанство

Населението во селото главно се занимава со земјоделство. Во селото нема никакви стопански и услужни објекти.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Петралица живееле 1.880 жители, од кои 1.750 Македонци и 130 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Петралица имало 1.920 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.100 Македонци.[4]

Според податоци од пописот во 2002 година, во селото живееле 669 жители, од кои 667 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[5] Сите жители се изјасниле како православни христијани.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 526 жители, од кои 493 Македонци, 5 Роми и 28 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Селото Петралица е православно македонско-ромско село. Ромите се изјаснуваат за Македонци.

Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:

  • Македонци: Во маало Селиште има околу (20 к.), они се староседелци. Радуево маало има околу (30 к.) и они се староседелци. Бујино маало има околу (20 к.). Таму има два рода, првиот е староседелски, а вториот Поповци (4 к.) е доселен од селото Каваклија. Ковачево маало има околу (20 к.) они се староседелци. Караманово маало има околу (8 к.), и они се староседелци. Боровско маало има околу (20 к.), и они се староседелци. Германска маала има околу (20 к.) и доселени се од селото Герман.
  • Роми: православните Роми во селото имаат околу (15 к.), и сите потекнуваат од ист предок. Некои мислат дека се доселени од Кратовско.[11]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Баратлии (51 к.), Стамболијци (3 к.), Анѓинци (4 к.), Даскинци или Чкуртинци (4 к.), Вучковци со Топузовци (3 к.), Чаушевци (2 к.), Белчинци (1 к.), Мицорки (1 к.), Мулинци (7 к.), Маиловци (1 к.), Карапанџинци (3 к.), Карамановци (5 к.), Спенџинци (2 к.), Рајчиловци (7 к.), Грличанци (2 к.), Марковци (9 к.), Сураци (1 к.), Јеремијци (1 к.), Козаровци (1 к.), Радујевци (2 к.), Петренковци (2 к.), Фекинци (1 к.), Брејановци (1 к.), Чикардинци (3 к.), Ќурчијинци (4 к.), Гламњарци или Симоновци (1 к.), Церовци (1 к.), Гогошовци (5 к.), Павунковци или Шибинци (3 к.), Белошкинци (1 к.), Митровци (3 к.), Боркинци (3 к.), Сулиманци (1 к.), Калчинци (3 к.), Колерци (3 к.), Бакалци (2 к.), Вукадиновци (1 к.), Пардинци (4 к.), Бачевановци (2 к.), Бошановци (2 к.), Паламар (1 к.), Милошовци (3 к.), Дончинци (1 к.), Деда-Анѓелковци (2 к.), Ашљак (1 к.), Ушкинци (2 к.), Бујинци (11 к.), Ковачевци (9 к.), Јеремијци (1 к.), Летовци (4 к.), Тоболан (1 к.), Гусинци (2 к.), Малашевкинци (1 к.), Мацанци (1 к.), Гужинци (1 к.), Липинци (4 к.), Дикинци (4 к.), Суркинци (1 к.), Дервенџијци (1 к.), Бијачовци (1 к.), Чуковци (2 к.), Поповци (4 к.), Пиштовци (1 к.), Диба (1 к.), Ѓаковци (1 к.), Чурковци (3 к.) и Дејчинци (2 к.)
  • Доселеници: Германци (9 к.) доселени се околу 1790 година од селото Герман; Калајџијци или Цинцаровци (7 к.) доселени се во 1795 година од Крушево. Нивното потекло е влашко; Вргинци (3 к.) доселени се во 1845 година од селото Радибуш; Ивановци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Конопница;
  • Денковци (1 к.) и Мечкарци или Трајковци (10 к.) они се Роми. Првите се со непознато потекло, а вторите се доселени од Опила.[12]
Remove ads

Општествени установи

  • Пошта
  • Подрачно основно училиште
  • Месна заедница „Петралица“

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина, во која покрај Петралица се наоѓале и селата Баратлија, Гиновци, Криви Камен и Милутинце. Самата Општина Петралица била дел од Кривопаланечката околија. Општината Петралица постоела и во периодот 1950-1952 година.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[13]
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната селска црква, прогласена за културно наследство на Македонија
  • Црква „Св. Троица“ — манастирска црква; се наоѓа на месноста Кутлев Крст. Камен темелник осветен на 24 јуни 2014, а на 31 мај 2015 комплетно осветена. Во тек се изградба и на конаци;[14]
Археолошки наоѓалишта[15]
Remove ads

Иселеништво

Помеѓу двете светски војни, а поготово после тоа и Петралица има дадено огромен број на иселеници. Се иселувале не само Македонците, туку и Ромите. Во иселувањето учествувале сите селски родови. Има и сосема иселени родови. Иселеници има во повеќе градови во Македонија. Потоа иселеници има во Мождивњак (Чифлижани), Талашманце (Баратлинци). Кетеново (Аврамовци и Зензерци). Кокошиње (Даутовци, Чајевци, Галевци и Стамболџиовци). Малино (Крстевци и Стојковци). Амзабегово (Младеновци, Богдановци, Тодоровци и Трајковци) Трајковци се Роми, Пеширово (Петралинци и Серафимовци). Околу 33 семејства се иселени во селото Горобинци. Долно Коњаре (Спасовци). Војник (Петралинци). Клечевце (Петралинци и Богдановци). Коњух (Петралинци и Стојковци) и Скачковце (Шопје).[11]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads