Семаси
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Семаси (грчки: Κρεμαστό, Кремасто; до 1928 г. Σέμασι, Семаси[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 3 км западно од Рупишта, на десниот брег на реката Бистрица. Над селото се наоѓа пештерната црква „Св. Никола“.[4] Селската црква се нарекува „Св. Атанасиј“.[5]
Историја
Во Отоманското Царство
На крајот од XIX век Семаси било малко македонско село во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Семаси имало 50 жители, сите Македонци.[6][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Семаси е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[8]
На почетокот на XX век целото население на Семаси било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Семаси имало 80 Македонци, сите под патријаршијата.[6][9]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Семаси (Σέμασι) во 1910 г. било чифлик со 8 македонијазични семејства.[10]
Според Георги Константинов Бистрицки Чифлик Семаси пред Балканските војни имал 6 македонски куќи.[6][11] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период го води Семаси со 5 куќи на Македонци христијани и 1 куќа на Арнаути муслимани.[12]
Во Грција
За врема на Балканските војни селото е окупирано од грчки единици и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Истата година селото имало 54 жители, кои во 1920 г. биле 49 лица.[3] По 1919 г. 1 човек од Семаси се преселил во Бугарија официјален пат.[13]. Во 1928 г. селото е преименувано во Кремасто. Таа година населението броело 36 жители.[3]
Селото претежно произведува градинарски култури и жито, а делумно се занимава и со сточарство.[3]
Семаси не настрадало во Граѓанската војна (1946-1949).[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads