Семерхет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Семерхет — раноегипетски фараон од Првата династија. Тој веројатно владеел од 2861 г. п.н.е. до 2853 г. п.н.е.
Овој владетел е познат по трагичната легенда која бил објавена од грчкиот историчар Манетон. Се сметало дека за време на владеењето на Семерхет, Египет бил погоден од голема несреќа. Археолошките наоди сведочат дека неговото владеење било преплавено со проблеми. Се претпоставува дека тој не дошол легитимно на престолот[2][3][4]. Биле пронајдени камени садови на кои прво било напишано името на фараонот Анеџиб, а врз него било испишано името на Семерхет.[5] Во Сакара, не се пронајдени гробови на неговите свештеници ниту на чиновниците. Биле пронајдени имињата на сите фараони почнувајќи од Хор-Аха, освен името на Семерхет.[6] Сепак, тој не бил узурпатор, бидејќи неговото име било напишано покрај имињата на фараонот Ден, Анеџиб и Ка'а во гробницата на Ка'а и во Џосеровата пирамидата.[5]
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads