Сем Смит

англиски пејач и текстописец From Wikipedia, the free encyclopedia

Сем Смит
Remove ads

Семуел Фредерик "Сем" Смит[1] (роден на 19 мај 1992)[2] е англиски пејач и текстописец. Во кариерата му помогнала соработката со англиското дуо Disclosure на нивниот сингл "Latch" во октомври 2012, кој подоцна се пласирал на седмото место на британската музичка список на синглови. Неговата следна соработка на песната на Naughty Boy "La La La"—му донела пласман на првото место на музичката список на синглови во мај 2013.

Кратки факти Сем Смит, Животописни податоци ...

Во декември 2013 бил номиниран за награда на Британските музички награди во категоријата "Избор на критичарите" и за изборот на BBC Sound of 2014 (Звукот од 2014);[3][4] ги освоил двете награди.[5][6] Во мај 2014 Capitol Records UK го објавил неговиот дебитантски албум, In the Lonely Hour.[7] Пред соработката на песната "La La La", го објавил синглот "Lay Me Down". Втор сингл од албумот бил, "Money on My Mind", којшто станал неговиот втор сингл на првото место на британската музичка список на синглови.[8] Трет сингл од албумот бил, "Stay with Me", со којшто постигнал меѓународен успех достигнувајќи до првото место на британската и второто место на американската музичка листа Billboard Hot 100. Четвртиот сингл, "I'm Not the Only One", достигнал во првите 5 на двете земји, додека петтиот сингл, "Like I Can", стигнал до деветтото место на британската музичка листа.

Во декември 2014 бил номиниран за шест Гремија, и на нивното 57-мо доделување во февруари 2015 освоил четири; еден за најдобар нов изведувач додека синглот "Stay with Me" му донел Греми за рекорд на годината и песна на годината, а албумот In the Lonely Hour за најдобар поп вокален албум. На доделувањето на Британските музички награди 2015 добил награда за пробивен британски музички чин и за глобален успех. Во октомври 2015 ја објавил песната "Writing's on the Wall", песна која била користена во филмот Спектр; влегол во Гинисовата книга на рекорди кога песната станала прва од некој филм за Џејмс Бонд која се пласирала на првото место на британската музичка топ-листа. Во јануари 2016 песната исто така му донела Златен глобус за најдобра песна.

Remove ads

Рани години

Роден е во Лондон, Англија. Татко му е Фредерик Смит, а мајка Кејт Касиди, по занимање брокер.[2][9] Сем бил член на театарот на Youth Music Theatre UK и настапувал во нивната адаптација "Oh! Carola".[10] Пред театарот, бил во разни џез бендови.[11] Ментор му била џез-пијанистката Џоана Иден која го учела да пее и да пишува песни.[12] Одел на училиште во Католичкото училиште Св. Марија во Бишоп'с Стротфорд (град во Источен Лондон).[13]

Remove ads

Музички стил

Смит ги наведува Адел и Ејми Вајнхаус како две главни лисчности кој влијаеле на неговото музичко создавање.[14][15] Во интервју за списанието Rolling Stone, ги навел Витни Хјустон и Мараја Кери како најдобри изведувачки на R&B.[16][17] Исто така навел дека на неговото музичко создавање влијаеле Кристина Агилера, Бијонсе и Лејди Гага. Исто така искоментирал на тоа што гласот често му се одликува како глас на дива велејќи:

"Тој [гласот] е таков затоа што само тоа [таква музика] слушав. До пред две години воопшто ни не слушав машки изведувачи само Витни Хјустон и Чака Кан. Пејачки со навистина силни глаови."[18]

Remove ads

Дискографија

  • In the Lonely Hour (2014)
  • The Thrill of it All (2017)

Видеографија

Повеќе информации Година, Наслов ...

Турнеји

  • In the Lonely Hour (2015)
  • The Thrill of it All (2018)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads