Сенки (филм)

македонски филм од 2007 г. From Wikipedia, the free encyclopedia

Сенки (филм)
Remove ads


Сенкимакедонски филм од 2007 година, режиран, продуциран и напишан од страна на Милчо Манчевски.[1] Сниман е на повеќе места во Скопје, Охрид и неколку други места низ Македонија. „Сенки“ билмакедонски кандидат за номинација за Оскар на 80-тото доделување на наградите на Академијата, но истиот не влегол меѓу петте номинирани.[3][4]

Кратки факти „Сенки“, Режисер ...
Remove ads

Содржина

Успешен млад доктор, Лазар Перков, оженет за прекрасна жена со која има дете. Тој има сè – дури и неговите пријатели и роднини го нарекуваат „Лаки“. Но, изгледот некогаш залажува; и покрај сите земски задоволства, Лазар константно се обидува да ги задоволи своите мајка, татко и незаинтересирана сопруга. Секој ден му е ист, сè додека еден ден едвај преживува тешка сообраќајна несреќа.

По закрепнувањето, Лазар се соочува со луѓе кои наизглед умираат повеќепати, и секогаш ја носат истата порака: „Врати го она што не е твое. Имај почит.“ Откако Лазар сфаќа дека овие негови привидувања не се само соништа, туку дел од секојдневниот живот, тој доаѓа до заклучок дека тие се изгубени души кои сè уште не нашле мир во другиот свет, и успева да открие што всушност треба да врати.

Remove ads

Улоги

Повеќе информации Глумец/ка, Улога ...
Remove ads

Реакции и рецензии

Филмот своја премиера доживеал на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, а бил прикажан и на уште неколку други познати фестивали. Во основа, истиот бил добро прифатен, при што еден филмски критичар има изјавено дека истиот е „најамбициозниот филм на Манчевски до денес“. Патрик Мек Гевин од Screen Daily рекол дека „Сенки“ е „гламурозен и уредно среден [и дека Манчевски…] има добро око за композиција, водено од сензуалната, убава фотографија на италијанскиот кинематограф Фабио Чанкети.” Како особен квалитет на филмот Мек Гевин ја издвојува и „заводливата, откривачка улога на живата, особено привлечна млада глумица Весна Станојевска, професионален музичар во своето филмско деби. Таа на филмот му вбгризува особен еротски интензитет”.[4] За режисерот на филмот, пак, Милчо Манчевски, „Сенки“ „е приказна за односот кон ближниот свој“[5]. Заедно со „Балкан-кан“, „Сенки“ е најгледаниот филм во македонските кина.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads