Борис Чоревски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Борис Чоревски (роден во Скопје, 15 септември 1949 )[1] — македонски филмски и театарски глумец, член на Народниот театар во Битола од 1975 година,[2] па сè до неговото пензионирање во 2016 година. Продолжува да биде активен и по пензионирањето. Од тогаш до сега одиграл повеќе од 150 улоги.
Remove ads
Животопис
Борис Чоревски е роден во Скопје на 15 септември 1949 година. Основно и средно образование завршил во Битола, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за глумечка игра. На сцената на Народниот театар од Битола настапувал од раната младост, статирајќи и играјќи епизодни улоги. Како младинец ја освоил наградата за најдобра машка улога за ликот на Хенри во претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр на Сојузниот натпревар на аматерите од поранешна СФР Југославија во Хвар. По дипломирањето во 1975 година се вработил во Народниот театар во Битола каде остварил преку 100 улоги. Гостувал и во театрите во Прилеп, Штип, Струмица, како и во Македонски народен театар и Драмски театар. Бил и водител на емисиите „Битола во вашата младост“ и „Чоре Топ Хит“ на Тера Телевизија, како и на Македонската радио-телевизија.
Remove ads
Творештво
Во својот глумечки живот остварил повеќе од 100 театарски улоги, како и редица филмски улоги.
Има остварено над 20 филмски улоги и 15 телевизиски серии. Има остварено главна улога во филмовите Трговецот од Солун на Душан Наумовски, Црвениот коњ на Столе Попов, Прва вечер на Димитрие Османли, Јавачи на ветрот, Прашина и Мајки на Милчо Манчевски. Играл и во сериите: Илинден, Девојките на Марко на Димитар Христов, Битолски лакрдии, Втора смена, Големи и мали, Трето па машко на Душан Наумовски, Црвениот поет. Учествувал и во турските серии кој се снимени во Македонија, Збогум, Румелија и Последно лето на Балканот во режија на Сердар Акар.[3]
Поважни театарски улоги[2]
Година | Улога | Претстава | Автор |
1976 | Вук | Јелена Ќетковиќ | Александар Поповиќ |
1978 | Ѓока | Сомнително лице | Бранислав Нушиќ |
1978 | Никола Карев | Окрвавен камен | Васил Иљоски |
1978 | Даскалот | Суд | Коле Чашуле |
1983 | Малвоилио | Ноќ спроти Водици | Вилијам Шекспир |
1984 | Киро | Лет во место | Горан Стефановски |
1986 | Версилов | Младич | Достоевски |
1986 | Осман-бег | Македонска крвава свадба | Војдан Чернодрински |
1996 | Одам на лов | Љубиша Георгиевски | |
1997 | Ајгеј | Медеја | Еврипид |
1997 | Дон Жуан | Дон Жуан се враќа дома | Еден фон Хорват |
1998 | Владимир | Чекајќи го Годо | Семјуел Бекет |
1998 | Таткото | Мачка на вжештениот покрив | Тенеси Вилијамс |
2000 | Јордан | Печалбари | Антон Панов |
2000 | Прохор Железнов | Васа Железнова | Максим Горки |
2001 | Трајко попот | Црквичето 40 маченици | Владимир Костов |
2002 | Јонче | Писание | Живко Чинго |
2003 | Капулети | Ромео и Јулија | Вилијам Шекспир |
2011 | Барон Минхаузен | Минхаузен | Григориј Горин |
2011 | Пијаницата | Обична приказна | Марина Ладо |
2015 | Божествена комедија | ||
2015 | Тајното оружје | ||
2016 | Тоде | Јане Задрогаз | Горан Стефановски |
2019 | Детето | Детето сонува | Ханох Левин |
Remove ads
Филмографија
Година | Филм | Улога |
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | / |
1975 | Јад ТВ-филм | / |
1975 | Прва вечер ТВ-филм | Климе |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | Сеиз |
1977 | Пресуда ТВ-филм | |
1979 | Жена од малтер ТВ-филм | / |
1980 | Оловна бригада ТВ-филм | |
1980 | Учителот ТВ-филм | / |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | / |
1982 | Илинден ТВ-серија | Миле |
1982 | Јавачи на ветрот ТВ-филм | / |
1983 | Црвениот коњ ТВ-филм | / |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Сулејман-бег |
1986 | Среќна нова '49 ТВ-филм | |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | / |
1987 | Девојките на Марко ТВ-серија | / |
1988 | Втора смена ТВ-серија | Милиционерот |
1991 | Поштар ТВ-филм | |
1992 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | Григор Прличев - возрасен |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | Мино Маткалиев |
1999-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | |
2000 | Големи и мали ТВ-серија | Милан |
2001 | Македонска емиграција ТВ-филм | / |
2001 | Прашина ТВ-филм | Стрелец |
2002 | Наше маало ТВ-серија | Петар |
2003 | Битолски лакрдии ТВ-серија | / |
2007 | Сенки ТВ-филм | Стамат |
2007-2009 | Збогум Румелија ТВ-серија | Џамбо |
2010 | Мајки ТВ-филм | Батерија |
2011 | Трето па машко ТВ-серија | Тихомир Цветко |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | |
2012 | Последно лето на Балканот ТВ-серија | Командирот |
2013 | Тврдокорни ТВ-серија | Јаким |
2015-2016 | Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија | |
2016 | Ослободување на Скопје ТВ-филм | Златарот |
2018 | Година на мајмунот ТВ-филм | Комшија 1 |
2022 | Кајмак ТВ-филм | |
2024 | Црвениот поет ТВ-серија | Господин Колендиќ |
Награди и признанија
- Награда „4 Ноември“ доделена од страна на Општина Битола[2]
- Најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ (двапати)[2]
- „Екран“ (двапати)[2]
- 2011 - Награда „Петре Прличко“
- Награда „11 Октомври“
- 2011 - Награда „Ристо Шишков“
- 2021 - Награда за животно дело на 55. Македонски театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“[4]
- 2024 - Награда „4 Ноември“ за животно дело[5]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads