Сенски Висови

департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia

Сенски Висовиmap
Remove ads

Сенски Висови или О-де-Сендепартман во регионот Ил-де-Франс, Северна Франција. Ги опфаќа западните внатрешни предградија на Париз. Се граничи со Париз, Сена-Сен Дени и Долината на Марна на запад, Долината на Оаза на север, Ивлин на исток и Есона на југ. Со население од 1.603.268 (во 2016 година) и вкупна површина од 176 квадратни километри, тој е вториот најгусто населен департман во Франција, по Париз. Тој е петти најнаселен департман во Франција. Нејзината префектура е во Нантер, иако Булоњ-Бијанкур, една од нејзините две потпрефектури заедно со Антони, има повеќе жители.

Кратки факти О-де-СенСенски Висови Hauts-de-Seine, Држава ...

О-де-Сен е најдобро познат по тоа што го содржи модерниот канцелариски, кино и трговски комплекс Ла Дефанс, еден од главните економски центри на велеградот Голем Париз и една од најголемите деловни области во Европа. О-де-Сен е еден од најбогатите департмани во Франција; има највисок БДП по глава на жител од 104.000 евра во 2016 година.[1]

Remove ads

Историја

Од 1790 до 1968 година, О-де-Сен бил дел од поранешниот департман Сена.

Департманот О-де-Сен е создаден во 1968 година, од делови на поранешните департмани Сена и Сена и Оаза. Неговото создавање го одразува спроведувањето на законот донесен во 1964 година; Нантер веќе бил избран за префектура за новиот департман на почетокот на 1965 година.

Во 2016 година, Советот на департманот Сенски Висови гласал за спојување на О-де-Сен и Ивлин, неговиот западен сосед. По сличното гласање во Ивлин, била основана јавна меѓуресорна усстанова. Спојувањето ќе продолжи доколку гласачите во двата департмана изгласаат мнозинство советници на изборите во 2021 година.[2] Името Сена и Оаза (департман укинат во 1968 година) се дискутирало за новиот департман.

Remove ads

Демографски податоци

Движење на населението од 1881 година

Повеќе информации Година, Нас. ...
Remove ads

Географија

Местоположба

О-де-Сен и два други мали департмани (Сена-Сен-Дени и Долината на Марна) образуваат внатрешен прстен околу Париз, познат како Petite Couronne (буквален превод: „Мала круна“). Заедно со Градот Париз, тие се вклучени во Голем Париз од 1 јануари 2016 година. Тој е најмалиот департман во Франција по Сена-Сен Дени и Долината на Марна. Многу е помал од Малдивите или Конектикат.

Thumb

Администрација

О-де-Сен опфаќа три арондисмани и 36 општини:

Повеќе информации Број на картата, Име ...

Економија

О-де-Сен е еден од најбогатите француски департмани и една од најбогатите области во Европа. Нејзиниот БДП по жител, според официјалните бројки на Евростат, бил 104.000 евра во 2016 година.[1]

Политика

Во 1990-тите и раните 2000-ти, О-де-Сен го привлекол вниманието на националните медиуми како резултат на корупциски скандал во врска со злоупотребата на јавните средства обезбедени за станбените проекти на департманот. Вклучени биле поранешниот министер и претседател на советот на департманот Шарл Паскуа, како и други личности од партијата Обединети за Републиката (РПР).

О-де-Сен била политичка база на Никола Саркози, претседател на Француската Република од 2007 до 2012 година. Тој бил градоначалник на Неји на Сена (1983–2002) и претседател на Советот на департманот на О-де-Сен (2004–2007) пред да ја преземе функцијата. Саркози го наследил Паскуа како претседател на Советот на департманот.[4]

Совет на департманот О-де-Сен

О-де-Сен е управуван од Совет на департманот. Неговите 46 члена се нарекуваат департмански советници. Гласачите на О-де-Сен обично гласаат за десничарските партии; никогаш немало левичарско мнозинство од основањето на департманот во 1968 година.

Советот на департманот е советодавен орган на департманот. Извршната власт е предводена од претседателот на советот, потпомогнат од потпретседателите, задолжени за различни ресори. Департманските советници се избираат (двајца по кантон) од жителите на департманот на шест години (без ограничување на бројот на мандати).

Претставници на национално ниво

О-де-Сен има 13 члена во Националното собрание.

Во Сенатот, О-де-Сен е претставен со 7 члена.

Remove ads

Туризам

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads