Долина на Оаза

департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia

Долина на Оазаmap
Remove ads

Долина на Оаза (француски: Val-d'Oise, букв.'LL-Q150 (fra)-GrandCelinien-Val-d'Oise.wav'француски департман, формиран во 1968 година по поделбата на департманот Сена и Оаза кој се наоѓа во регионот Ил де Франс. Името го носи според реката Оаза, голема притока на Сена, кој минува низ регионот, а почнува од Белгија и протекува низ североисточна Франција. Аеродромот Шарл де Гол, францускиот главен меѓународен аеродром делумно се наоѓа во Роаси-ан-Франс, општина во Долината на Оаза.

Кратки факти Долина на Оаза Val-d'Oise, Држава ...
Remove ads

Историја

Првите департмани на Франција биле воспоставени во 1790 година кога Француското национално собрание ја поделило земјата на 83 департмани со приближно иста површина и население. Биле оформени како група општини, а кога биле расположливи карти, биле направени одредени ревизии.

После поразот од Прусите во 1871 година, одредени територии ним им биле препуштени и биле направени одредени измени. Во 1955 и 1957 година, некои департмани ги смениле имињата. Во 1964 година, било решено да се поделат департманите Сена и Сена и Оаза. Еден од новоформираните департмани бил Долината на Оаза кој бил формиран целосно од претходниот департман Сена и Оаза.[1]

Remove ads

Географија

Долината на Оаза е департмана во северна централна Франција и е дел од регионот Ил де Франс. На југ на департманот се наоѓа департманот Сенски Висови, на југозапад се наоѓа Ивлин, на запад Ер, на север се наоѓа Оаза, на исток се наоѓа Сена и Марна и на југоисток се наоѓа Сена-Сен Дени.[2] Официјалната префектура (административен центар) на департманто е општината Понтоаз, сместена во предградието на Париз некои 28 км северозападно од центарот на градот, но зградата на префектурата како и административните канцеларии се во соседната општина Сержи. Реката Оаза е десна притока на реката Сена, и тече низ провинцијата од североисток кон југозапад.[2]

Источниот дел од департманот е дел од Паризис, област на плодна рамница која традиционално се користи за земјоделство (особено житарици и шеќерна репа) што се заснова на нејзината фина почва. Овој дел постепено се намалува кко што Париз се шири. Дел од аеродромот Шарл де Гол припаѓа на источниот регион, додека другите делови се во департманите Сена и Марна и Сена-Сен Дени. Најјужниот регион на департманот е дел од долината на Сена и ја зафаќа целата мала долина Монморанси. Овие делови се јако урбанизирани, но стариот римски пат, Шосе Јулиј Цезар, кој ги поврзува Париз и Руан минува низ последниов. Централните и југозападните делови на департманот се исто така многу урбанизирани и се дел од пошироката околина на Париз. Западниот дел на департманот образува дел од историскиот округ Вексен, живописно главно земјоделско плато. Негов административен центар бил Понтоаз на крајниот исток на округот. Оваа општина сега се меша со соседната општина Cergy и образуваат нов град Сержи-Понтоаз. Подрачјето на Вексен останува чисто рурално, и една петтина од целиот департман е под дрвја.[2]

Поголеми градови

Повеќе информации Ранг, Општина ...
Remove ads

Економија

Економијата на Долината на Оаза има две основи. Северниот, источниот и западниот дел се плодни подрачја на земјоделско земјиште каде се произведуваат големи количини пченка, шеќерна репа и други култури. Урбаните делови на југ се живеалишта (ноќевалишта) на луѓето кои работат во метрополското подрачје на Париз. Заради аеродромот Шарл де Гол постои станица на TGV (Те-Же-Ве) која обезбедува добри железнички врски со сите делови на Франција. Департманот има девет деловни зони за високотехнолошка индустрија.[4]

Демографија

Движење на населението од 1876 година:

Повеќе информации Година, Нас. ...
Remove ads

Туризам

Департманото има богато археолошко и историско наследство, но не го посетуваат многу туристи, веројатно е засенет од францускиот главен град. Интересни места се;[6] Ла Рош Гијон со замок на врвот од карпест рид и дворец од дванаесеттиот век; Л'Ил Адам, историски мал град на брегот на регката Оаза; Овер на Оаза, кој е меѓународно прочуен по своите пејзажи и импресионистичките сликари како Шарл-Франсоа Добињи, Пол Сезан, Жан-Батист-Камиј Коро, Камиј Писаро и Винсент ван Гот кои го овековечиле; Анген ле Бен, бањски центар со жежок сулфурен извор, на местото каде порано било Ангенското Езеро; Екуан со убав дворец во кој е сместен Музеј на ренесансата; Сержи-Понтоаз, новиот административен центар кој бил создаден од тринаесет општини и кој четирикратно го зголемил своето население од 1960-тите. Во градот постои одделение од Версајската академија која обезбедува терцијарно образование.; Темерикур, каде покрај убавиот дворец постои историска црква Нотр Дам, како и Кроа де л’Ормето-Мари од дванаесеттиот или тринаесеттиот век.[7] Во департманот постојат два национални парка, Регионален парк на природата Вексен и Парк на природата Оаза (Паризис).[6]

Аржантеј е потпрефектура и е второ место по населеност во париското предградие. Неговата сценска местоположба крај реката Сена вдахновила многу сликари Клод Моне, Ежен Делакроа, Пјер-Огист Реноар, Гистав Кајбот, Алфред Сисли и Жорж Брак. Има повеќе историски градби и локален музеј.[8]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads