Сер (општина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сер (општина)
Remove ads

Сер (грчки: Δήμος Σερρών, Димос Серон) — општина во Серскиот округ, Егејска Македонија, во состав на областа Централна Македонија во денешна Грција.

Повеќе информации Општина Сер Δήμος Σερρών, Карта на општина Сер ...
Remove ads

Населени места

Општина Сер е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на шесте стари општини Каваклија, Капетан Митруси, Киспикеси и Сер како и самостојните општински целини Горно Броди и Фраштани.

Општинска единица Горно Броди

Thumb
Поранешната општинска целина Горно Броди на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Горно Броди опфаќа само едно село — Горно Броди (Άνω Βροντού).

Општинска единица Каваклија

Thumb
Поранешната општина Каваклија на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Каваклија со седиште во Каваклија (Левконас) ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Каваклија
  • Општински оддел Долно Христос
  • Општински оддел Календра

Општинска единица Капетан Митруси

Thumb
Поранешната општина Капетан Митруси на картата на некогашниот округ Сер.

Општината е наречена по гркоманскиот андартски капетан Димитар Гоголаков (наречен Капетан Митруси), кој е роден во с. Хомондос (денес Митруси). Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ениќој
  • Општински оддел Горна Камила
  • село Горна Камила (или Христијанска Камила; Άνω Καμήλα, Ано Камила)
  • Општински оддел Горно Караџово
  • Општински оддел Неволјани
  • Општински оддел Хомондос
  • Општински оддел Чучулигово

Општинска единица Сер

Thumb
Поранешната општина Сер на картата на некогашниот округ Сер .

Општинската единица опфаќа еден град и 10 села во Серското Поле и по западните падини на планината Сминица. Седиштето е во Сер.

Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Сер
  • град Сер (Σέρρες, Серес)
  • село Заба (Κρίνος, Кринос)
  • село Мертатово (Ξηρότοπος, Ксиротопос)
  • село Метох (Κάτω Μετόχι, Като Метохи)
  • Општински оддел Геди Дермен
  • Општински оддел Дервешани
  • село Дервешани (или Дервешен; Οινούσσα, Инуса)
  • село Лески (или Карлиќој; Χιονοχώρι, Хионохори)
  • Општински оддел Дутлија

На територијата на општината се и денес напуштените села Мрамор, Баница (во кое загинал Гоце Делчев) и Лакос (родно на револуционерот Коста Кукето).

Општинска единица Фраштани

Thumb
Поранешната општинска целина Фраштани на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Фраштани опфаќа само едно село — Фраштани (Ορεινή).

Општинска единица Киспикеси

Thumb
Поранешната општина Киспикеси на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Киспикеси со седиште во Киспикеси (Скутари) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Киспикеси
  • Општински оддел Агова Маала
  • Општински оддел Гудели
  • село Гудели (Βαμβακούσσα, Вамвакуса)
  • Општински оддел Долна Камила
  • Општински оддел Какараска
  • Општински оддел Комарјани
  • село Комарјани (или Комарјан, Кумаре; Κουμαριά, Кумарија)
  • Општински оддел Нова Маала
  • Општински оддел Сал Маала
  • Општински оддел Џами Маала
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads