Серска тврдина

тврдина кај Сер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Серска тврдинаmap
Remove ads

Серска тврдина или Серско кале, наречено и Кула (грчки: Ακρόπολη, Κουλάς) — античко-средновековна одбранбена градба над градот Сер, Егејска Македонија. Византијците ја нарекувале Кастро (Κάστρο = „тврдина“). Од античката тврдина останала само една 18-метарска кула (VII - VI век), денес наречена „Орестова кула“ (Πύργος του Ορέστη). Во IX век тврдината е изградена од царот Никифор Фока.[1]

Кратки факти Место, Област ...

Во XVII век патописецот Евлија Челебија напишал за кулата:

Кога тврдината ја опсадил Мурат I, голем дел од неа бил срушен и газите со нивните војници лесно ја завладеале. Тврдината е позната како Сируз, што на персиски значи денес, но мештаните ја нарекуваат Серес на разговорен јазик... Има убава камена структура со пет агли. Сместена е на рид источно од градот. Стои на мазна и масивна црна карпа. Има две врати — едната на исток, другата на запад. Главните порти немаат помали отвори. Во тврдината нема населени места.[2]

Во 1891 г. Георги Стрезов на пипишал за тврдината:

Меѓу другите старини во градот е и споменатата тврдина, за која преданието кажува дека ја направил српскиоот крал Стефан Душан, кога ја прострел неговата држава сè до Места и го достигнал врвот на славата. Од Душановата тврдина стојат урнатини, меѓу кои најдобро зачувани се една црквичка черквица и една кула.[3]

На почетокот на 1913 г. Богдан Филов ја посетил тврдината и напишал за неа:

Калето е градено од речни камења со малтер без ќерамиди. Освен големата кула, зачувани се уште една помала многу делови од ѕидините, а воедно и полусрушената византиска црква во облик на крст со кутната купола.[4]

Во 1925 г. тврдината со кулата и црквата „Св. Никола“ се прогласени за защитен споменик на културата.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads