Витивјанско Езеро

вештачко езеро во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Витивјанско Езероmap
Remove ads

Витивјанско Езеро (грчки: Λίμνη Πολυφύτου, Лимни Полифиту) — вештачко езеро на реката Бистрица во Кожанско, Егејска Македонија. Создадено е во 1973 г. со изградбата на истоимената брана и зафаќа површина 73 км2, од кои 70 отсто отпаѓаат на општините Серфиџе и Велвендо. Езерото е во сопственост на Јавното електростопанско претпријатие (ДЕН), истото е отстапено на користење на мештаните за цели на риболов и екотуризам. Преку него поминуваат два моста — поголемиот Серфички мост (Υψηλή Γέφυρα Σερβίων) во средишниот дел, и помалиот Рамненски мост (Γέφυρα Ρυμνίου) на југозападниот крај.

Thumb
Карта на Витивјанско Езеро
Кратки факти Витивјанско Езеро Λίμνη Πολυφύτου, Подрачје ...
Remove ads

Природа и активности

Во езерските води се забележани 17 видови слатководни риби, од кои покрупните се во делтата на Бистрица. Витивјанското Езеро претставува важно станиште за грабливи птици бидејќи им овозможува храна, гнездилишта и засолништа. На неговите брегови презимуваат и разни преселни птици. Присутни се неколку видови влекачи и 10 видови цицачи.[1]

Водата ја добива од реката Бистрица и неколку поројници, на вкупна сливна површина од 5 630 км. Водостојот се движи во опсег од 15 м, што значи дека е среднопроточно. Брзата обнова на водата го држи езерото прилично чисто и овозможува разни дејности — стопански како рибарството и рибникарството, спортски активности како веслањето, разонода итн. Акумулацијата воедно ги задоволува потребите за наводнување на околното обработливо земјиште.

Во последно време е забележано прекумерно присуство на олово во водата, опишано како „умерено“.[2]

Remove ads

Знаменитости

На езерскиот брег во селото Хаџиомурлу (Родитис) се наоѓа црквичката „Блажен Варадат“, изграден од грчки дојденци од Мала Азија, кои претходно имале истоимена црква во с. Кувуклија кај Бурса. Има и споменик на настраданите во Грчко-турската војна од 1919 - 1922 г.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads