Сиваш

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сивашmap
Remove ads

Сиваш или Гнило Море (украински: Сиваш, Гниле Море, кримскотатарски: Sıvaş, Çürük Deñiz, Съваш, Чюрюк Дениз) — залив во западниот дел на Азовското Море. Тој го одделува полуостровот Крим од соседниот континентален дел. Низ него поминува границата меѓу Република Крим и Херсонска Област во Украина. Името Сиваш во превод од кримскотатарски јазик значи кал, нечистотија.

Кратки факти Сиваш Гнило Море, Подрачје ...
Remove ads

Географија

Thumb
Централниот дел на Сиваш

Сиваш е одделен од Азовското Море со долг и тесен песочен полуостров, наречен Арабатска Стрелка. Поврзан е со морето со два теснеци. Северниот е Генически Теснец, а јужно од него е и вториот теснец Промоин. Во најзападниот дел заливот ги заплиснува бреговите на Перекопскиот Мореуз, кој пак го одделува од Црното Море. Тесниoт Чонгарски Теснец го дели Сиваш на источен и западен дел. Се состои од 11 малку солени и многу солени заливчиња. Неговата должина изнесува околу 200 километри, а ширината едвај од 2 до 35 километра.

Површината на заливот е околу 2.560 км². Тој е исклучително плиток. Неговата најголема длабочина е околу 3 метра, а средната длабочина е едвај 0,5 — 1,0 метар. Во летните месеци водата силно се загрева и дава миризба на гнилеж. Од таа причина често се нарекува и Гнило Море. Поради интензивното испарување водата во заливот е со висока соленост. Околу 100 км² од вкупната површина на заливот се островчиња, а уште 560 км² периодично се покриени со вода.

Сиваш се полни со вода од Азовското Море и во многу слаба мерка од реките и потоците кои се влеваат во него. Бреговите му се ниски, рамни и мочурливи. Во текот на летото рабовите на бреговите се покриваат со сол.

Дното е покриено со слој кал со дебелина од околу 5 метра. Соленоста варира од 22 ‰ на север до 87 ‰ на југ. Водите на заливот се богати на хлорни соединенија, натриум, магнезиумов бромид, магнезиумов сулфат и други соли.

Вкупните залихи на сол се проценети на 200 милиони тони. По бреговите на заливот се наредени фабрики за добивање на сол, минерални соли и производство на фосфатни ѓубрива.

Remove ads

Флора

Водите на заливот можат да добијат црвеникава боја што се должи на микроалгите Dunaliella salina кои не се растворливи во сол. Источните делови се со пониска соленост и се погодни за развој на трски и други растенија кои сакаат влага [1].

Големите острови во централниот дел на Сиваш се покриени со степска вегетација како лале, пелин, жалфија, Agropyron cristatum, виук[1].

Бреговите на заливот се обраснати од растенија отпорни на сол Salicornia, Tripolium, тегавец, Limonium, лобода[1].

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads