Силвестер Шмид
друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Силвестер Шмид (полски: Sylwester Szmyd; р. 2 март 1978 во Бидгошч) — поранешен полски професионален друмски велосипедист, кој професионално возел во периодот 2002-2016 година.
Бил специјалист за искачување, понекогаш водач на помали етапни трки и силен планински помошник за неговите екипни водачи на големите трки; ги завршил сите големи трки на кои настапил во неговата кариера.
Remove ads
Професионална кариера
Во 2009 година, Шмид ја забележал првата победа во неговата кариера, кога ја поминал целта низ Мон Венту во текот на Критериум ду Дофине Либере. Тој бил во бегство со Алехандро Валверде (Кес д’Епарњ) и двоецот завршил заедни. Потоа, Шмид изјавил дека бил толку користен како помошник за неговите водачи, што неговите нозе на последната кривина скоро да пукнале, кога сфатил дека може да победи.[1]
На Џиро дел Трентино 2012, на Шмид му било дозволено да вози за себе и се пласирал добро на последните две етапи на трката, кои биле планински. На етапата 3 дошол до второто место по стрмните искачувања на етапата. Целта била поставена на 1,5 километри по врвот.[2] На последната етапа до Пасо Пордои, Шмид дошол до четвртото место, обезбедувајќи го третото во генералниот пласман. Снег паѓал на подиумот додека победникот Доменико Поцовиво (Колнаго-ЦСФ Бардијани), Дамијано Кунего (Лампре-ИСД) и тој ги добивале нивните награди.[3]
Учествувал на Џиро д’Италија неколку недели подоцна, возејќи како поддршка на неговиот водач Иван Басо. Бил на чело на групата неколкупати на ридско-планинските етапи и успеал да го обезбеди 26. место.[4]
Шмид ја напуштил неговата екипа Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Мовистар Тим со двегодишен договор од сезоната 2013.[5] Во декември 2014 година, Шмид објавил дека се приклучува на полската екипа ЦЦЦ-Спранди-Полковице на едногодишен договор за 2015 година, по експресното незадоволство во Мувистар, каде бил избран само за една голема трка во текот на двете години со екипата.[6]
Remove ads
Достигнувања
- 2001
- 6. Краен пласман Трка околу Полска
- 9. Гран Премио де Лодио
- 2002
- 3. Краен пласман Трофео Имоблиаре Италија
- 6. Трка околу Шинберг
- 2003
- 8. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 2004
- 2. ГП Шварцвалд
- 4. Куп на Јапонија
- 2005
- 7. ГП Индустрија & Артиџанато
- 2006
- 5. Куп на Јапонија
- 6. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 9. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 10. Краен пласман Тур де Романди
- 2007
- 2. Краен пласман Сетимана Ломбарда
- 7. Џиро дел’Емилија
- 9. Краен пласман Тур де Романди
- 2008
- 5. Џиро дел’Апенино
- 8. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 8. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
- 9. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 2009
- 1. Етапа 5 Критериум ду Дофине Либере
- 7. Краен пласман Трка околу Полска
- 2010
- 1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д‘Италија
- 6. Краен пласман Трка околу Полска
- 10. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 2012
- 3. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 7. Краен пласман Тур де Романди
- 2013
- 9. Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 2014
- 3. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads