Тур де Романди 2012

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тур де Романди 2012
Remove ads

Тур де Романди 2012 било 66. издание на велосипедската етапна трка Тур де Романди. Започнала на 24 април во Лозана и завршила на 29 април во Кран-Монтана и се состоела од шест етапи, вклучувајќи го и прологот и поединечниот хронометар. Таа била 14. трка од оваа сезона на Светската турнеја.

Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...

Трката била освоена од Британецот Бредли Вигинс од Тим Скај,[2] откако победил на две етапи, вклучувајќи го и последниот хронометар, со што го преземал генералниот пласман последниот ден. Вигинс го освоил генералниот пласман со 12 секунди пред Ендру Талански од Гармин-Баракуда,[3] кој завршил веднаш зад Вигинс на последната етапа; Талански исто така го освоил и пласманот за млад возач. Третото место му припаднало на возачот на Мовистар Тим Руј Кошта откако и тој покажал добри резултати на хронометарот,[4] и остварил значајно време зада се помести од деветтата позиција.

Во другите пласмани на трката, Петр Игнатенко од Катјуша ја освоил зелената маичка за најмногу освоени бодови на спринтовите во трката и розовата маичка за планинскиот пласман,[5] додека Тим Скај завршил на чело на екипниот пласман,[6] со трите возачи од екипата – Вигинс, Ричи Порт и Мајкл Роџерс – кои завршиле во првите пет.[7]

Remove ads

Екипи

Бидејќи Тур де Романди е дел од Светската турнеја, сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Две други екипи биле дополнително повикани во трката,[8][9] и така се создала главната група од 20 екипи.

Екипите, кои ќе се натреваруваат на трката се:[10]

Remove ads

Етапи

Пролог

24 април 2012 — Лозана, 3,34 км, поединечен хронометар (ITT)[11]

Резултати од прологот и генералниот пласман по прологот

Етапа 1

25 април 2012 — Морж до Шо де Фон, 184,5 км[12]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 2

26 април 2012 — Монбелјар (Франција) до Мутие, 149,1 км[13]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 3

27 април 2012 — Невил до Шарми, 157,9 км[14]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 4

28 април 2012 — Буле до Сион, 184 км[15]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 5

29 април 2012 — Кран-Монтана, 16,24 км, поединечен хронометар (ITT)[16]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Remove ads

Поредок

Повеќе информации Етапа, Победник ...

Белешки

  1. Иако Герајнт Томас ја добил маичката на подиумот во Лозана, во текот на етапата немало ниеден освоен бод.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads