Симоне Падоин

From Wikipedia, the free encyclopedia

Симоне Падоин
Remove ads

Симонe Падоин (роден на 18 март 1984, во Џемона дел Фриули) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната или средниот ред.

Кратки факти Симоне Падоин, Лични податоци ...

Во моментов го води тимот на Јувентус под 20 години.

Remove ads

Биографија

Роден во регионот Фурланија, Падоин како дете бил навивач на Удинезе.[1] Во 2010 година, тој се оженил со сопругата Валентина, со која имаат три деца.[2]

Технички карактеристики

Разноврсен играч од средниот ред,[3] кој ја започнал својата кариера во младинскиот тим на Аталанта играјќи како бек, улога која продолжил да ја игра добро и во текот на целата своја кариера,[4] иако најчесто бил користен во средниот ред каде настапувал како централен играч, медијано или крило. Поради својата разноврсност и флексибилност честопати добивал пофалби од тренерите.[3]

Клупска кариера

Почетоци, Аталанта и Виченца

Откако пораснал како фудбалер во клубот Донатело од Удине, тој подоцна се истакнал во младинските редови на Аталанта, со која го освоил Купот на Италија Примавера. Без да го има своето деби за првиот тим на клубот од Бергамо, во летото 2003 година се преселил во Виченца со формула за ко-сопственост, заедно со неговиот соиграч Жилиен Рантије, како дел од трансферите на Антонино Бернардини и Микеле Марколини во Аталанта.

Во Венето, во своето прво искуство како професионален фудбалер, тој забележал 23 настапи и 1 гол во Серија Б. Во следната сезона, по несигурниот почеток, тој се покажал како еден од најкористените и најразноврсните играчи (33 настапи), користен во неколку наврати и во одбраната во улогата на бек од тренерот Маурицио Вишиди. Во сезоната 2005-2006, тој ги потврдил своите перформанси играјќи 35 натпревари, постигнувајќи еден гол, главно настапувајќи како централен играч од средниот ред и како бек. На почетокот на сезоната 2006-2007, тој повторно бил користен како бек, но по отпуштањето на Џанкарло Камолезе, неговата замена Анџело Грегучи го вратил во средниот ред, каде што одигра 37 натпревари и постигнал 4 гола.

Враќање во Аталанта

Thumb
Падоин со Аталанта во 2010

Во летото 2007 година, тој се вратил во Аталанта повторно во договор за ко-сопственост. На 5 јануари 2008 година, неговите добри настапи во првиот дел од сезоната го убедиле клубот да го откупи договорот на играчот во целост, враќајќи го во целосна сопственост. На 16 март ги постигнал своите први голови во Серија А, два гола во победата од 4-1 против Емполи, пред да стори истото во натпреварот против Ливорно во претпоследното коло од првенството. Следната сезона, тој станал редовен стартер во тимот, играјќи во средниот ред како лево крило и како централен играч од средниот ред. Тој постигна гол против Сиена во првото коло на Серија А 2008-2009, а потоа повторно и против Лече, кога бил двоен стрелец.

Во сезоната 2009-2010, Падоин редовно играл во средниот ред заедно со Тиберио Гуаренте, докажувајќи се како најкористен играч на сезоната за „нероаѕурите“. Во текот на оваа сезона, тој постигнал два гола, и двата во втората половина од сезоната, против Лацио[5] и Ливорно;[6] Сепак, неговите настапи не биле доволни за да се спречи испаѓањето на Аталанта во Серија Б на крајот од сезоната. Следното лето, играчот го имал своето прво искуство со Јувентус, неговиот иден клуб, приклучувајќи се на „бјанконерите“ на нивната „турнеја“ на пријателски натпревари во Северна Америка.[7] Тој одиграл неколку натпревари за Јувентус во пред сезоната и потоа се вратил во Аталанта за почетокот на новата сезона.

Назад во Бергамо, тој го постигнал својот прв гол во новата сезона на 14 август, во натпреварот од Купот на Италија против Фолињо.[8] Во првенството, првиот гол за сезоната дошол во осмото коло, во победата од 2-1 против Торино.[9] На теренот, Падоин се покажал како незаменлива фигура на шаховската табла на „нероаѕурите“; сепак, во последното коло од првата половина од сезоната тој претрпел повреда на менискусот што го оставила надвор од акција околу четириесет дена.[10] Откако се опоравил од повредата, тој го вратил своето место во тимот, постигнувајќи гол во домашниот натпревар против Новара.[11] Тој ја завршил сезоната со 35 настапи (34 во првенството, 1 во Купот на Италија) и три гола, придонесувајќи Аталанта да триумфира во втората лига и нивно експресно враќање во Серија А.

Првиот дел од сезоната 2011-2012, била и последната епизода на Падоин во Бергамо: и покрај тоа, што бил еден од клучните играчи на тимот и бил најавуван од клубот како иден капитен и „водач“, играчот конечно го соблекол дресот на „нероаѕурите“ во јануари 2012 година.[12]

Јувентус

На 31 јануари 2012 година, на барање на тренерот Антонио Конте кој веќе го имал под свои наредби во Бергамо,[13] тој бил купен од Јувентус за 5 милиони евра.[14] Своето деби за Јувентус го имал на 8 февруари, во победата од 2-1 на гостувањето кај Милан во Купот на Италија, каде што ја започнал акцијата што довела до голот на Мартин Касерес.[15] Својот прв гол за новиот тим го постигнал на 17 март, во натпреварот на гости против Фјорентина кој завршил со резултат 5-0 во корист на „бјанконерите“.[16] На 6 мај, по завршувањето на натпреварот против Каљари добиен со 2-0 на неутралниот терен во Трст, на едно коло пред крајот на сезоната, тој го освоил скудетото со црно-белиот дрес, прво во неговата кариера како играч.[17] И покрај тоа што бил дел од втората постава, Падоин брзо ја стекнал наклонетоста на своите соиграчи, а пред сè на навивачите на Јувентус, кои, благодарение на понизноста, духот на жртва и упорноста што секогаш ја покажувал на теренот, го направиле еден од најомилените играчи на клубот во следните години.[18][19][20]

Сезоната 2012-2013 започнала со победата во Суперкупот на Италија 2012 во Пекинг, натпревар во кој Јувентус го победил Наполи со 4-2 по продолженија.[21] На 12 февруари 2013 година, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите во победата на гостински терен во Глазгов против Селтик (0-3), влегувајќи во игра на местото на Федерико Пелузо, кој исто така го направил своето деби.[22] На 5 мај, благодарение на победата од 1-0 на домашен терен над Палермо, Јувентус ја освоиле својата втора шампионска титула по ред, овојпат на три кола до крајот.[23] Уште еднаш на 5 мај, овојпат во 2014 година, за време на прославата на третата последователна шампионска титула на „Старата дама“, тој го постигнал победничкиот гол против својот поранешен тим, Аталанта (1-0), со што придонел за постигнување на историскиот рекорд од бодови (102) во првенството.[24]

На 22 ноември, во натпреварот Лацио-Јувентус (0-3), тој бил исклучен за првпат во својата кариерата поради добивање на два жолти картони.[25] Еден месец подоцна, тој го промашил решавачкиот пенал откако неговиот удар бил одбранет од голманот на Наполи, Рафаел, во Суперкупот на Италија во Доха.[26] Сепак, во сезоната 2014-2015, играчот придонел за освојувањето на двојната круна на „бјанконерите“,[27][28] кои во меѓувреме преминале во рацете на Масимилијано Алегри, тренерот со кој стигнале и до финалето на Лигата на шампионите, загубено на 6 јуни 2015 година во Берлин од Барселона.[29] Во следната сезона, на 8 август 2015 година, тој го освоил својот трет Суперкуп на Италија со Јувентус, после победата против Лацио во Шангај со 2-0,[30] додека на 17 април 2016 година, тој постигнал гол со кој ги поставил конечните 4-0 во натпреварот од домашното првенство против Палермо, што бил негов прв погодок после речиси две години.[31] Истиот месец, го освоил петтото последователно скудето во својата кариера со тимот од Торино: успех кој, и покрај неговата улога како спореден играч, дефинитивно го направил една од клучните фигури во повеќекратното победничко „јадро“ на Јувентус.[32]

Каљари, Асколи и завршување на кариерата

По пет години во Торино,[33] на 4 јули 2016 Падоин потпишал за новопромовираниот клуб во Серија А, Каљари за сума од 600.000 евра.[34] На 2 октомври, во победата од 2-1 на Сант'Елија против Кротоне, тој го постигнал својот прв гол за „рособлу“.[35] Во Сардинија, тој речиси постојано бил во почетниот состав,[36] помагајќи му на клубот да избори опстанок во врвната дивизија во секоја од трите сезони кои ги минал таму.

Во летото 2019 година, тој го напуштил Каљари и како слободен играч му се приклучил на Асколи во Серија Б.[37] По завршувањето на првенството во кое Асколи изборил опстанок, на почетокот на наредната сезона, во октомври 2020, тој го раскинал договорот со клубот од регионот Марке.[38] и неколку недели подоцна го објавил своето повлекување од активното играње фудбал.[13]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Падоин го носел синиот дрес за првпат на 2 септември 2002 година, со италијанската репрезентација под 19 години, во натпреварот загубен од Турција; со „аѕурините“ под 19 години одиграл 9 натпревари и го освоил Европското првенство 2003 одиграно во Лихтенштајн. Репрезентативната кариера ја продолжил во Италија У20 каде што забележал 6 настапи, со еден постигнат гол.

На 15 август 2006 година, Падоин бил повикан за првпат во италијанската репрезентација под 21 година од селекторот Пјерлујџи Казираги, а своето деби го направил на 1 септември, во победата со 1-0 над Исланд во квалификациски натпревар за Европското првенство. Откако помогнал да се квалификува, тој бил дел од составот на Италија на Европското првенство за играчи под 21 година 2007 одржано во Холандија.

Remove ads

Тренерска кариера

На 22 јули 2021 година, тој се вратил во Јувентус, приклучувајќи се како асистент тренер во стручниот штаб на тренерот Масимилијано Алегри, кој веќе му бил тренер во Торино во текот на неговите години како играч.[39] Тој бил на таа функција во следните три години. Во меѓувреме, во септември 2022 година ја добил лиценцата УЕФА А во Коверчано[40] додека точно една година подоцна го започнал курсот УЕФА Про.[41]

Во сезоната 2024-2025, тој започнал да работи во младинскиот сектор на Јувентус, станувајќи асистент на Франческо Мањанели на клупата на тимот под 20 години, кој се натпреварувал во Кампионато Примавера 1.[42] На 14 јули 2025 година, тој бил унапреден во улогата на главен тренер, преземајќи ја функцијата од самиот Мањанели.[43]

Remove ads

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 2 октомври 2020.

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Remove ads

Титули

Клупски

Аталанта

  • Скудето Кампионато Примавера : 1
1997-1998
2010-2011

Јувентус

2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016
2014-2015, 2015-2016
2012, 2013, 2015

Репрезентативни

Италија под 19
  • Европско првенство за играчи под 19 години : 1
Лихтенштајн 2003

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads