Синот-риба (збирка раскази)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Синот-риба (збирка раскази)
Remove ads

„Синот-риба (ситуации)“ — збирка раскази од македонскиот писател Александар Прокопиев. Книгата е објавена[1] во 2017 година во Скопје, од издавачката куќа „Авант прес“.

Кратки факти Автор, Земја ...

Содржина

Книгата „Синот-риба (ситуации)“ е сочинета од 45 кратки, односно куси-куси раскази. На крајот, како додаток, сместен е „Автопортрет“ – автобелешка, којашто, во склад со расказите, претставува нивен континуитет, бидејќи истата е предадена во наративна форма.

Осврт кон делото

Во освртот „Урбаниот рај на Прокопиев“[2] на Славчо Ковилоски се вели дека она што е карактеристично за расказите во оваа збирка е разликата во начинот на градење на приказните. Така, во првите раскази најчесто нема вистински главен лик, околу кој би се одвивале настаните, туку преку нарацијата на авторот ја дознаваме неговата перцепција за околината, на таков начин добивајќи некој вид на лирска форма. Овие раскази претставуваат своевидна композиција на метаморфози и илузии во кои сѐ е можно – можат да се интерпретираат и како дремка. Во понатамошното читање, тие како да се избиструваат и наместо во сонлива пладневна дремка, се одвиваат на реaлни места, со реални луѓе и во реален простор. Авторот и во сновиденијата и во реалноста делува сигурно, цврсто и едноставно. Сликајќи ги обичните настани, Прокопиев, во еден чеховски стил, покажува дека дури и од една навидум едноставна до патетичност ситуација може да се изроди прекрасно дело. Во таа насока, најкарактеристичен и највпечатлив е расказот „Летна приказна за пајакот“. Главните протагонисти во него се авторот и еден пајак на таванот, кој ја има несреќната судбина да биде на погрешно место во погрешно време, или поинаку кажано, во моменти на несоница авторот го забележува и го смачкува пајакот, при што повторно се враќа во претходната состојба: здодевноста. Тука треба да се спомне расказот „Пријателските средби“, каде што се опишани три ситуации во кои се сретнуваат писатели кои се нетрпеливи меѓу себе и чие его е дигнато до небо. Очекувајќи нивната желба за докажување да придонесе до изблик на емоции, Прокопиев се решава на неочекувани завршетоци, кои во практика се и најреални. Интересен е преминот од лириката: „Со ореол од ноќни пеперутки, мртвата божица бара опстанок во сонот – градител“ („Мртвата божица“, стр. 34) до еротиката: „По десетина минути, можеби половина час, ѕиркачот се исправа и наместо клучот, неговиот растреперен пенис пенетрира во клучалката“ („Клучалка“, стр. 37). Управувајќи со сопствениот универзум, Прокопиев го создава својот урбан рај, во кој место имаат и младичот што се плаши од труење со вода, и кастрираниот Милидраг, и психијатарот д-р Огнен и пропаднатиот студент по медицина Долгопрстиот.

Remove ads

Технички одлики

Книгата „Синот-риба (ситуации)“, со обем од 95 страници и со димензии од 20 сантиметри, каталогизирана е во библиографско-каталошката база на податоци COBIB.MK[3] и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4823-09-4. Издадена е во 2017 година во Скопје, од издавачката куќа „Авант прес“.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads