Скандалци
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скандалци (понекогаш и Скандалица) — село во Општина Штип. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел на општината, на левиот брег на реката Брегалница и надморска висина од 250 м. Атарот зафаќа површина од 4,7 км2.[3]
Историја
Селото постои барем од доцниот среден век, за што сведочат остатоците од црква во наоѓалиштето Гробишта непосредно меѓу селото и брегот на реката.[4]
Во XIX век Скандалци било македонско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Скандалци имало 40 жители, сите Македонци христијани.[5][6]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Во статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев од 1905 г. („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во Скандалци (Skandaltzi) живееле 24 Македонци, сите под егзархијата.[7]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го обележал Скандалица (Skandalica) како село со нејасен етнички состав.[8]
Remove ads
Население
Во првите децении на XX век македонското население го напуштило селото, а на негово место се доселиле Турци.
Во пописот од 1948 г. Скандалци не е дадено самостојно, туку е вбројано кон населението на с. Црешка.[9]
Со иселувањето на Турците во 1950-тите, на нивно место дошле Албанци. Во текот на 1960-тите и тие го напуштиле Скандалци, и оттогаш селото останало без жители. Според пописот од 2002 година, селото немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Гробишта — доцнoсредновековна црква и некропола.
Личности
Иселеништво
Според истражувања од 1957 г. познати се следниве родови од Скандалци иселени на други места:[16]
- Криви Дол, Штипско: Дедо-Петрушеви (2 куќи)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads