Скејтборд

вид спортски реквизит From Wikipedia, the free encyclopedia

Скејтборд
Remove ads

Скејтборд (англиски: skateboard) или скејт — направа која се состои од штица на која се прицврстени четири тркала, наменета за забава и покажување на вештините во управување со неа.

Thumb
Скејтборд
Thumb
Момче ја покажува својата вештина на скејтборд

Даската на скејтбордот е површина на која оној кој управува со неа стои со двете нозе, повремено туркајќи се со едната нога. Благо е свиена нагоре на предната и задната страна. Направена е од дрво или дрвени производи како што се фурнир или иверица. Во зависност од моделот, може да биде обложена со гума или други материјали. Од долната страна на даската прицврстени се тркалца, обично во пар, од предната и задната страна. Тркалцата мора да бидат така прицврстени за да овозможуваат благо странично навалување на даската. Скејтбордот се погонува со сопствената снага на корисникот, со оттурнување со една нога, слично како кај тротинетот.

Модерниот скејтборд настанал во Калифорнија во доцните седумдесетти години на XX век. Особено бил популарен кај оние кои се занимавале со едрење на даска, бидејќи во недостиг на високи бранови слична вештина покажувале на скејтборд. До средината на осумдесеттите години скејтбордите масовно се произведувале и продавале ширум Соединетите Американски Држави.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads