Тротинет

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тротинет
Remove ads

Тротинет[1][2] — вид лично превозно средство кое особено го употребуваат децата како играчка. Тротинетот се состои од ниско поставена рамна површина монтирана на две или повеќе тркалца, со управувач на едниот крај на површината, а се движи првенствено со сопствената снага на корисникот, со оттурнување со ногата од тлото.[3]

Thumb
Модерен тротинет

Обично, модерниот тротинет е изработен од метал, често од алуминиум. Површината на која се стои е тесна, а тротинетот може да се преклопува кај спојот на управувачот со површината за стоење. Вообичаено се поставуваат две тркалца, по едно на секој крај на површината. Тркалата се изработуваат од полна гума или слични модерни индустриски материјали. Постојат повеќе облици на тротинетите, некои имаат поголеми тркала и управувач таков што се прилично слични на велосипед, други имаат три или четири тркала, поставени главно заради поголема стабилност на корисникот.

Тротинетот бил особено популарен во првата половина на XX век. Неколку децении подоцна интересот бил намален, за во деведесеттите години на XX век повторно да стане популарен.

Remove ads

Разлики меѓу тротинет и слични превозни средства

Thumb
Тротинет сличен на велосипед
  • Главната разлика меѓу велосипедот и тротинетот е погонот, кој кај тротинетот се врши со оттурнување со ногата од тлото.
  • Главната разлика меѓу тротинетот и скејтбордот е управувачот со кој кај тротинетот може да поостро да се врти, а кој го олеснува одржувањето на рамнотежа. На скејтбордот нема управувач.

Тротинет со вграден погон

Со развојот на технологијата се појавиле и посебен вид тротинети кој има вграден некој вид дополнителен погон, електричен или мал бензински мотор.[4][5]

Тротинет како тема во книжевноста

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads