Скопско Кале
тврдина и археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скопско Кале — тврдина сместена на високиот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.
Историја
Како највисока точка во градот, калето отсекогаш било ценето од месното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во неолитот и раното бронзено доба, 4.000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во византиско време (VI век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи подолу.
ХIX век
Во калето според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, живееле 5 мажи муслимани, а тие биле: миримиранинот[1] Али Хафзи-Паша, кој имал 40 години, по потекло од касабата Тетово, а во исто време назначен и како назир[2] на градот Скопје. Потоа тука живеел слугата во арапско потекло по име Мерџан, благородниот мирмиранин Хасан-паша (со потекло исто од Тетово), неговиот син Исмаил, кој имал 3 години и слугата со христијанско потекло[3], Ахмед.[4]
Remove ads
Заштита и обновување
Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многупати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963, кружните и квадратните кули на тврдината биле заштитени и обновени.
Тврдината денес
Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот како и можност да се дојде до Старата скопска чаршија од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.
Археолошки ископувања
Археолошките ископувања на Скопско Кале започнале на 14 мај 2007 г. Големиот обем на истражувања (околу 300 ангажирани луѓе) и силно изложената поставеност на местото во самиот центар на Скопје предизвикува голема заинтересираност кај јавноста, туристите и медиумите.
Галерија
- Поглед од воздух на археолошките наоѓалишта
- Поглед од воздух на тврдината (калето)
- Поглед од воздух кон старата чаршија
- Поглед на една од кулите на тврдините
- Ископини на тврдината
- Надворешниот бедем на тврдината
- Снимка од воздух на тврдината во 1990-тите, пред зафатите за реконструкција на дел од ѕидините
- Поглед на Скопје од ѕидините
- Ноќно осветлување на Калето
- Ноќно осветлување на Калето
- Ноќно осветлување на Калето
- Скопско кале во зима
- Црквата-музеј во изградба
- Кула на калето
- Долна порта на една од кулите
- Путир од XII век пронајден на Калето
- Бардак од XII-XIII век пронајден на Калето
- Слики од старо Скопје: поглед кон Кале.
- Поглед кон Камен Мост и Скопско Кале.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads