Славе Иванов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Славе Иванов (роден во 14 декември 1888 година во Штип - починал на 1948 година во Скопје) — македонски револуционер, припадник на ВМРО и на МФО.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Славе Иванов во Балканските војни бил секретар на војводата Иван Јанев-Брло и доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[2] Во 1914 година го убил обвинетиот србоман Стефан Дедов.[3].

По Првата светска војна емигрирал во Бугарија, влегол во ВМРО и станал близок соработник на Тодор Александров. Во 1919 година е еден од организаторите на бегството на Александров од затворот.[4]

Поради несогласувањето со Александров се повлекол од ВМРО (1921) и формирал нова организација (Македонска федеративна организација). Соработувал со земјоделската влада на Александар Стамболиски и со Кралството на СХС, поради кое бил осуден на смрт од страна на ВМРО[5]. Во јуни 1923 година заедно со Филип Атанасов бил дел од делегацијата на МФО во Москва[6]

Во 1923 емигрирал во Виена и како претставник на МФО се вклучил во ВМРО (Обединета) заедно со Филип Атанасов и Тодор Паница[7]. Участвувал во преговорите за потпишување на Мајскиот манифест во 1924 година.

Во 1948 година бил осуден од југословенските судски власти.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads