Славчо Темелковски

македонски кошаркар From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Славчо Темелковски (роден 17 октомври 2000) — македонски кошаркар. Тој игра на позицијата центар во Феникс 2010.

Кратки факти Славчо Темелковски, Позиција ...
Remove ads

Младинска кариера

На 4 јуни 2018 година, Темелковски бил именуван за Најкорисен играч на завршниот турнир под 18 години во Салата Градски Парк во Скопје.[1] Во финалето тој остварил 28 бода и 20 скокови, во победата од 93:69 против екипата на МЗТ Аеродром.[2]

Сениорска кариера

Сениорската сезона ја започнал во КК Работнички во сезоната 2017/18. Тогаш во првиот состав на Работнички бил вклучен до крајот на март, односно до завршувањето на првата фаза на првенството.[3][4] Следната сезона ја започнал во Работнички, но на полусезоната се преселил во Вардар.[5][6] Во сезоната 2019/20, Славчо останал во Вардар. Таа сезона, тој затекнат со прекин на сезоната поради COVID-19 пандемијата во земјата и светот.[7][8] За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал едногодишен договор, со можност плус една година, со Академија ФМП.[9][10]

Remove ads

Успеси

Титули

Македонија Работнички (под 18 години)

  • Прва македонска лига (1) : 2017/18

Признанија

  • Најкорисен играч на завршниот турнир на сезоната 2017/18 под 18 години[1]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[11]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads