Сломиште

село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Сломиште
Remove ads

Сломиште или Сломишта (грчки: Στέρνα, Стерна; до 1927 г. Σολομίστι, Соломисти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).

Кратки факти Сломиште Στέρνα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено околу 8 км северозападно од Лапчишта, на патот за Нестим и Рупишта. На северозапад се граничи со костурското село Ресулјани.

Историја

Во Отоманското Царство

Од името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот на ХІХ век Сломиште било село во северниот дел на Населичката каза.

Сломиште е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век, како и од грчката статистика од 1904 г. на конзулатот во Еласона и онаа од 1910 г. издадена во Атина.

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Сломиште е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 125 жители, а во 1920 г. имало 120.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Стерна. Во 1928 г. населението се накачило на 145 лица, а во 1940 г. достигнало 163 жители. Во следниот период почнало да опаѓа и неговото население продолжило да се смалува до денес.

Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1913 г. врз темелите на постар храм.[4]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads