Смиле Војданов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Смиле Војданов
Remove ads

Смиле Војданов (1 февруари 1872 во Лактиње4 март 1958 во Понтијак, Соединети Држави)[1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација и долгогодишен активист во македонското национално движење во татковината и во емиграција.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Смиле Војданов e роден во охридското село Лактиње (сега во Општина Дебрца). Рано го напуштил школувањето и му се приклучил на македонското ослободително движење во 1897 година.[1]

Македонско ослободително движење

Thumb
Четата на Смиле Војданов

Во Македонија се истакнал како еден од врвните водачи на Илинденското востание во Охридско,[1] при што заедно со Дејан Димитров биле одговорни за реонот на Дебрца.

По задушувањето на Илинденското востание, Смиле Војданов не се откажал од идејата за независна македонска држава. Својата борба ја продолжил во Северна Америка, каде долги години ќе биде еден од главните организатори на македонските доселеници во Соединетите Држави и Канада.[1]

Во куќата на Смиле Војданов во градот Понтијак, во државата Мичиген, во 1929 година е основана првата независна македонска група.[2]

По формирањето на повеќе вакви групи во различни градови на САД, на 22 и 23 март 1930 во градот Толедо (Охајо) беше одржана Првата конференција на македонските независни групи. Тогаш Смиле Војданов е избран за претседател на централното раководно тело.[2]

На Првиот редовен конгрес за обединување на групите, од 24 до 26 април 1931 година во Гери (Индијана), Смиле Војданов е избран за претседател на Централниот комитет на новоформираниот Македонски народен сојуз.[1]

Втора светска војна и по неа

Бил активен член на Американскиот славјански комитет, основан за време на Втората светска војна (1941-1945 година), со цел да испраќа помош за Македонија, како дел од тогашна Југославија.[1] По Втората светска војна го поздравува формирањето на Македонската република и се вклучува во испраќањето хуманитарна помош за татковината.[2] Тој е еден од иницијаторите за изградбата на Медицинскиот клинички центар во Скопје.[1]

Remove ads

Извори

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads