Смолево

историско село во Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia

Смолевоmap
Remove ads

Смолево — историско село на планината Баба, во атарот на денешното село Лавци, Општина Битола.

Кратки факти

Денес, на местото на селото има мотокрос-патека и зачуваниот Смолевски манастир со црквата „Св. Атанасиј“.[2]

Remove ads

Местоположба

Thumb
Поглед на Смолево во 1917 година

Смолево се наоѓало на планината Баба, југозападно од градот Битола, помеѓу селата Лавци и Буково.

Со текот на времето ова село се раселило и денес на селскиот атар постојат црква, археолошко наоѓалиште и мотокрос-патека.

Историја

Во месноста Црквиште-Рамниште кај Смолево е откриена средновековна населба.[3]

Стопанство

Атарот на селото е заеднички со оној на селото Буково.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Смолево живееле 5 жители, сите Македонци.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Смолево се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 3 куќи.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смолево имало 24 Македонци, под врховенството на Цариградската патријаршија..[6]

Селото е иселено и на негово место е зачуваниот манастир и мотокрос-патеката. Атарот е припоен кон селото Буково.

Remove ads

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Смолево било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Културни и природни знаменитости

Thumb
Воздушен поглед на манастирот
Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви[7]
Манастири
Параклиси

Култура и спорт

Во атарот на селото се наоѓа истоимената мотокрос-патека.[8]

Покрај оваа патека, во близина на некогашното село биле трасирани и четири велосипедски патеки во 2022 година со што Смолево прераснал во велосипедски парк.[9]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads