Снихово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Снихово (грчки: Δεσπότης, до 1927 година Σνίχοβο, Снихово[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото има 15 жители.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на околу 15 километри јужно од градот Гребен. Селскиот атар изнесува 27 км2.
Историја
За време на Османлиското Царство
Кон крајот на ХІХ век Снихово е грчко христијанско село во јужниот дел на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Снихово имало 125 Грци христијани.[3]
Во Грција
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Снихово станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е сменето во Деспотис, во превод Владика во чест на прогласувањето на митрополитот Емилијан Гребенски за национален маченик.[4]
Во 1970-1971 година управата на воената хунта во Грција создала ново село Агии Теодори, во кое постепено се селеле жителите на Снихово и на уште 6 околни села.[5]
Remove ads
Демографија
Неговото население до 1913 веројатно го сочинувале Грци христијани. Во пописот од 1913 година евидентирани се 226 жители, во 1920 година 207 жители, а во 1928 година 195 жители[6].
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads