МРТ собраниски канал

From Wikipedia, the free encyclopedia

МРТ собраниски канал
Remove ads

МРТ Собраниски канал — собраниски сервис на Македонската радио-телевизија. Основан е на 7 јануари 1991 година како Канал 3 на Телевизија Скопје.

Кратки факти МРТ Собраниски канал, Отпочната ...
Remove ads

Историја

На 7 јануари 1991 година Телевизија Скопје започнува да емитува програма и на својот трет канал. „Канал 3” се емитува пет дена во неделата по четири часа, целосно „во живо” и со поведри содржини низ кои за првпат во програмите е применет телефонски разговор со гледачите, како и повеќе други привлечни програмски содржини и акции со кои се анимираат гледачите. Во другите часовни појаси Третиот канал е исполнет со преземена сателитска програма и пренесува активностите на Собранието.

Во почетокот Третиот канал се емитуваше преку еден предавател само за подрачјето на Скопје, а подоцна, со помош на општинските собранија, се набавени репетитори и се изградени неопходни инфраструктурни објекти со што е овозможено следење на програмата во уште десетина градови низ Македонија. Co повеќе програмки акции од градовите во кои се следи „Канал 3” се наѕираат развојните можности за создавање регионална телевизиска програма во Македонија и прераснување на дописните во регионални тв-центри.

Подоцна Канал 3 е реименуван во Трета Програма на Македонската радио-телевизија за подоцна да се преиманува во Собраниски канал, и скоро во целост да се посвети на активностите на Македонскиот парламент.

Поранешно лого на каналот.
Thumb
Логото на Собранискиот канал беше едновремено и лого на третиот канал на Македонската радио-телевизија
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads