Сокол (Населичко)
село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сокол (грчки: Παρόχθιο, Парохтио; до 1927 г. Συγκόλι(ον), Синголи(он)[2]) — напуштено село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Иако е запустено и во урнатини, селото не е отпишано.
Remove ads
Географија
Напуштеното село се наоѓа во областа Населица, десетина километри јужно од гратчето Лапчишта и околу 7 километри југоисточно од Цотил. Лежи помеѓу свиоците на реката Праморица. Атарот на југ му се граничи со гребенското село Дувруништа.
Историја
Во Отоманското Царство
Од името е очигледно дека селото првично било македонско. На крајот на XIX век Сокол (Сингол) било чифлигарско село во јужнот крај на Населичката каза. Според Васил К’нчов во 1900 г. во Сокол (Соколъ) живееле 30 Валахади (Грци-муслимани).[3]
Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. Синголион (Συγκόλιον) имал 50 Грци христијани,[4] очигледно погрешно заведувајќи им ја вероисповедта.
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Сокол е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи пострадало во војните, на пописот од таа година е заведено како напуштено,[5] а истата состојба е забележана и во 1920 г.[6]
Во 1923 г. тука властите сместиле грчки дојденци од Мала Азија, па на пописот од 1928 г. е Сокол е заведен како наполно дојденско село со 68 грчки дојденци (20 семејства).[7]
Во 1927 г. е напуштено дотогашното грцизирано македонско име Синголи во полза на новото име Парохтио, што во превод значи „прибрежно“, веројатно поради неговата поставеност крај реката Праморица. Во 1940 г. селото се зголемило 189 жители, што се должи на понатамошните доселувања.[6]
Во 1950-те и 1960-те години селото било зафатено од бран преселби во градовите и во странство, поради што во 1961 г. се смалило на 92 жители,[6] а на крајот од тоа десетлетие било конечно напуштено. Денес сите градби се во рушевини, со исклучок на црквата „Св. Бессребреници“ и зградата на основното училиште.[8]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads