Сократ Пановски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сократ Пановски (роден во 1936 година во село В’мбел, Костурско - починал на 13 октомври 2011 година во Скопје) — македонски просветен деец, општественик, етнограф и публицист.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

На дванаесетгодишна возраст, како дете-бегалец од Граѓанската војна во Грција (1948), бил згрижен во детските домови Ваца де Жос, Арад и Тулгеш (Романија). Подоцна образованието го продолжил во училиштето за ученици во стопанството во П’лтиниш, во Гривица Рошие во Букурешт, а по завршувањето на Педагошката гимназија во Велинград (Бугарија) и курсот за учители за основните училишта, бил вратен за учител по македонски јазик на македонските деца во собирниот центар за емигранти од Грција во селото В’лчеле, околија Св. Ѓорѓи (Романија). Во 1957 г. бил репатриран во НРМ и тука го дооформил своето образование, дипломирајќи на Педагошката академија (Група биологија и хемија), а потоа и на Природно-математичкиот факултет во Скопје (Група биологија). Напоредно со вонредното студирање, работел како наставник, директор на основно училиште, началник за образование на Општината Чаир (Скопје), секретар на Секретаријатот за образование на Град Скопје и како самостоен педагошки советник во Педагошкиот завод на Македонија.

Како општественик, развил широка дејност во разни детски организации, посебно во организацијата на Фестивалот на детската песна „Златно славејче“, а бил и долгогодишен претседател на Хорот на просветните работници „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на повеќе учебници и други трудови од областа на образованието. Во последната деценија се пројавил и како истражувач и публицист за роднокрајното минато.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads