Сомалиленд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сомалиленд (сомалиски: Soomaaliland, арапски: صوماللاند Ṣūmāliland, англиски: Somaliland) Официјално Република Сомалиленд (сомалиски: Jamhuuriyadda Soomaaliland) англиски: Republic of Somaliland е непризната самопригласена република во Источна Африка на територијата на Сомалија. Сомалиленд е меѓународно признат како автономен регион во рамките на Сомалија.[5] Владата на Сомалиленд ја смета територијата како наследник на Британска Сомалија, која била независна неколку дена во 1960 под името Држава Сомалиленд.[6][7] Подоцна Британска Сомалија се обединила со Италијанска Сомалија под името Доверлива Територија Сомалија и набрзо се основала Сомалиската Република.[6]

Сомалиленд на југ и запад се граничи со Етиопија, на северозапад со Џибути, на север излафа на Аденскиот Залив и на исток е автономниот сомалиски регион Пунтленд.[8]
Од 1991 година, територијата е управувана од демократски избрани влади кои бараат меѓународно признавање како влада на Република Сомалиланд. Централната влада одржува неформални врски со некои странски влади, кои испратија делегации во Харгеиса. Сомалиленд во моментов е признат од Републиката на Кина (Тајван) и е домаќин на претставништва од неколку други земји, особено Етиопија. Сепак, самопрогласената независност на Сомалиланд не е официјално признаена од ниту една земја членка на ОН или меѓународна организација. Таа е најголемата непризнаена држава во светот од страна на де Факто контролирана површина. Таа е членка на Организацијата на непретставени нации и народи, група за застапување чии членови се состојат од домородни народи, малцинства и непризнаени или окупирани територии.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads