Сомалиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сомалискиот јазик (изворно: Af-Soomaali; арапски: اللغة الصومالية) е јазик од низинска источнокушитска гранка на афроазиското семејство. Најсродни јазици се афарскиот и оромскиот. Сомалискиот е најдобро документиран кушитски јазик,[2] со академски трудови пред 1900 г.
Remove ads
Горворници, застапеност и статус
Сомалискиот е државен и службен јазик на Сомалија почнувајќи од 1972 г., со неговата стандардизација и усвојувањето на латиницата. Јазикот го говорат Сомалијци во Сомалија, Етиопија, Џибути, Јемен и Кенија, како и од сомалиската дијаспора низ светот. Точниот број на говорници е непознат. Според еден извор, јазикот го говорат 7,78 милиони жители во самата Сомалија и уште 12,65 милиони ширум светот.[3] Според други извори,[4], сомалискиот го владеат 13 милиони луѓе, но често се среќава бројката од 25 милиони лица.[5]
Наречја
Јазикот има три наречја: северно, бенадирско и мајско. Стандардниот јазик се води според северносомалискиот говор. Бенадирското (крајбрежно) наречје е застапено во приморските подрачја на Бенадир, од Кадалеј на југ до Марка, вклучувајќи го Могадишу и непосредната околина. Овие крајбрежни говори имаат фонеми што не постојат во стандардниот јазик.
Remove ads
Фонолошки особености
Сомалискиот јазик има 22 согласки, со барем по една во секое место на творба[6] освен надгласилното. Постојат пет основни самогласки, секоја со предна и задна, како и кратка и долга варијанта. Со тоа јазикот има вкупно 20 чисти самогласни гласови. Покрај тоа, постојат три тона: висок, низок и надолен.
Согласки
/ɖ/ е звучна свиена избувна согласка. Понекогаш се изговара како едноударната согласка [ɾ] помеѓу самогласки.
Безвучните избувни согласки /t/ и /k/ секогаш се приздивни.
Ресичната струјна согласка /χ/ честопати се изговара како [x], т.е. безвучна заднонепчена струјна согласка. Сите зборови со оваа фонема се усвоени од арапскиот. Може да претрпат „сомализација“ со нивна замена со избувната согласка /ɢ/.
/ʕ/ (звучна готлничка струјна согласка) може да има крут глас.
/r/ честопати се изговара со глас и може да биде делумно обезвучена. Помеѓу самогласки може да има еден удар.
Remove ads
Самогласки
Сомалискиот има пет самогласни творби. Сите пет разликуваат дишна и груба варијанта и имаат долги и кратки облици. Со издолжувањето не се менуваат останатите одлики на самогласката.
Постојат пет дифтонзи, и сите се јавуваат во преден и заден и долг и краток облик, освен /ɞi/ кој не се јавува како заден.
Граматика
Јазикот е аглутинативен, со различни додавки за падеж, род и број. Забележителна разлика помеѓу сомалискиот и највеќето индоевропски јазици е постоењето на повеќе облици кај личните заменки, употреба на честички во реченицата за укажување на задршката (фокусот), широка употреба на тонови за означување на падеж и број, како и поларитет на родот (еден ист збор има различен род во еднина и множина).
Remove ads
Лексика
Најважните лексички заемки во јазикот се преземени од арапскиот јазик. Ова се должи на вековните врски на Сомалијците со соседните арапски народи на општествен, културен, трговски и верски план. Денес се забележани 1.436 арапски заемки,[7], а се смета дека порано арабизмите биле уште позастапени.[8]
Постојат и извесни заемки од италијанскиот и англискиот стекнати во колонијалниот период. Со осамостојувањето на земјата, создадени се и многу неологизми, за претставување на поими од областа на управувањето и образованието.
Remove ads
Писмо

Во подалечното минато, сомалискиот се пишувал со древно писмо.[9] Оттогаш наваму, јазикот се пишува со повеќе разни писма. Од нив најзастапена е сомалиската латиница, прогласена за службена во 1972 г.[10] Азбуката ги содржи сите букви од англиската освен p, v и z. Има 21 согласка и 5 самогласки. Не се користат надредни други посебни знаци, со исклучок на апострофот, кој ја претставува гласилната согласка (не стои на почеток на зборот). Постојат три согласни диграфи: DH, KH и SH. Писмото исто така не го бележи тонот и положбата на самогласките (задна или предна).
Низ историјата јазикот се пишувал на разни писма како арабицата итн. Вададово писмо.[11] Во XX век се осмислени и неколку матични сомалиски писма: „османија“, „борама“ и „кадаре“, наречени по нивните автори.[12]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads