Бермуди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бермуди[3], Бермудски Острови или Сомерски Острови (англиски: Bermuda) — прекуморска територија на Обединетото Кралство во северен Атлантски Океан, која се наоѓа околу 975 км од брегот на САД. Територијата се состои од околу 138 острови, со вкупна површина од 58.8 км2. На најголемиот остров се наоѓа и главниот град Хамилтон. Бермудите се напредна економија, со јак финансиски сектор и развиен туризам.
Remove ads
Географија

Бермудите се наоѓаат во Атлантскиот Океан, во близина на западната граница на Саргасовото Море или околу 1070 км источно од Северна Каролина, САД. Островите имаат вкупен брег од 103 километри и оваа територија има две инкорпорирани општини: Хамилтон и Сент Џорџес. Понатака, Бермудите се поделени на парохии, а како последна административна поделба се т.н. села.
Бермудите се составени од 181 остров со вкупна површина од 53,3 квадратни километри. Најголем остров е „Главниот Остров“, кој понекогаш се нарекува и како „Бермуди“. Бермудите имаат вкупно население од 67.837 жители според проценките од 2009 година.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads