Сона и Лоара
департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сона и Лоара (француски: Saône-et-Loire; франкопровансалски: Sona-et-Lêre) — департман во регионот Бургундија-Франш Конт, Франција. Наречен е по реките Сона и Лоара, меѓу кои се наоѓа.

Ова е најнаселениот департман во Регионот со населени од 55.,493 жители во 2019 г.[2] Се наоѓа во нјјужниот дел на регионот, на границата со Оверњ-Рона-Алпи. Префектура (седиште) е Макон, а потпрефектури се Отен, Шалон На Сона, Шарол и Луан.
Remove ads
Историја
Департманот е основан за време на Француската револуција на 4 март 1790 г. согласно законот од 1789 г. Бил составен од делови од тогашната покраина јужна Бургундија и покраината Брес, обединувајќи краеви кои немале ништо заедничко во историски, политички или географски поглед. Места од историско значење се Отен, Макон, Шалон на Сона, Шарол и Луан.
Географија
Сона и Лоара е седми департман по големина во Франција. Во западниот дел се протегаат ридовите на Отенскиот крај (околу Отен), на југозапад е Шаролскиот, а на југ е Маконскиот крај.
Средината на департманот го сече реката Сона која тече низ широна низина во правец север-југ. Сона е притока на Рона во која се влева кај Лион, и така е поврзана со Средоземното Море. Изворот на Лоара се наоѓа јужно, во департманот Ардеш. Потоа реката тече во спротивна насока, образувајќи ја југозападната граница на департманот, па на крај се влева во Атлантскиот Океан. Централниот Канал ги поврзува Сона и Лоара помеѓу Шалон на Сона и Дигоен, притоа поврзувајќи го Средоземното Море со Атлантскиот Океан. На исток департманот го зазема северниот дел на низината на Брес. На запад се наоѓа индустриското подрачје во Ле Крезо и Монсо ле Мин, некогаш познати по нивните рудници за јаглен и металургијата.
Поголеми населени места
Најнаселена општина е Шалон на Сона; префектурата Макон е втора по големина. Во 2019 г. имало 5 општини со повеќе од 10.000 жители:[2]
Окрузи
Департманот се остои од пет окрузи:
- Луан
- Макон
- Отен
- Шалон на Сона
- Шарол
Има 29 кантони и 565 општини.
Remove ads
Знаменитости
- карпа Солитре — природна знаменитост
- опатија Клини
- христијанска екуменска заедница „Тезе“
- Паре ле Монјал
- Ла Клејет
- Домпјер лез Орм (Европска галерија на шумите и горите, арборетум „Пезанен“).
- Статуа на Алфонс де Ламартин во Макон
- Храм на Јанус во Отен
- Опатијата Клини
- Шалон на Сона
- Турни
- Езерото кај „Пезанен“
- Замокот Ла Клејет
Поврзано
- Општини во Сона и Лоара
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads