Железник

област From Wikipedia, the free encyclopedia

Железникmap
Remove ads

Железник или Демир Хисаристориско-географска област во југозападниот дел на Република Македонија по горното течение на Црна Река и нејзините притоки. Областа се наоѓа на северозапад од Пелагонија. Западната граница на Железник ја образуваат планините Илинска, Бигла и Плакенска кои ја одделуваат областа од Горна Преспа на југозапад и Дебрца на северозапад. Поради богатството на овие планини со железна руда и областа го добила името Железник. Во областа се наоѓаат 45 села, со центар во градот Демир Хисар (поранешно с. Мургашево).

Thumb
Традиционална архитектура од село Железнец.
Remove ads

Населени места

Thumb
Брачна двојка во носија од Железник, 1915 г.

Следува табела на движењето на бројот на населението низ сите пописни години:[1]

Повеќе информации Населено место, ВКУПНО ...

Најголем број на жители, областа имала во пописот од 1953 година, кога во Железник биле запишани 22 107 жители. Потоа сите наредни пописни години населението во поголема или помала мера опаѓа, а најголемото намалување се случило во 1994 година, кога од 15 157 жители во 1981, населението се намалува на 10 833 во 1994 година или околу 28,5 % жители на Железник се иселиле од оваа област. Во поширок временски опфат, од 1953 до последната пописна 2002 година, населението на областа Железник е намалено за 56,2 %, а тоа најмногу се должи на намалувањето на бројот на жители во селата Смилево, Слепче, Цер, Слоештица, Жван кои од големи населби станале мали или средни по големина.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads