Софилари
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Софилари — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во средишниот дел на Општина Штип, непосредно до реката Брегалница, од нејзината лева страна.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 250 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 6 километри.[2]
Софилари е сместено во долниот слив на Брегалница, каде што нејзината алувијална рамница од североисток се спојува со поблагите ридови на југозапад. Во минатото, водата за пиење доаѓала од бунари.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2433, кој пак започнува од регионалниот пат 1204 (Штип-Радовиш).[2]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Кош, Поток, Уши, Авлии, Бунарџик, Рамаданица, Поле, Бандера, Лака, Беј Орман, Гробишта, Орта Бунар, Каваклија, Косматица, Група, Лозишта и Канаварка.[3]
Remove ads
Историја
Подрачјето на Софилари било населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат остатоци на повеќе наоѓалишта, сместени во близина на селото.[4]
Во нивите на месноста Поле, од источната страна покрај денешното село, се пронајдени темели од некогашни куќи, стари ќерамиди и земјани врчви-ќупови. Во 1923 г. селаните откопале и една зачувана врчва пред денешната училишна зграда.[3] На северниот крај од селото, во непосредна близина на селските куќи, на местото Црквиште се забележливи остатоците од поголема црква. Околу ѕидовите има остатоци од стари гробови.[3]
Според преданието, денешното село е основано од малоазиски доселеници во отоманско време.[3] За овој податок сведочат пописни дефтери од XVI век, во кои се споменува муслиманското село Софулар, Штипска Нахија со 16 семејства во 1519 г.; во 1550 г. 38 семејства и 4 неженети; во 1573 г. - 31 семејство.[5] Подоцна, покрај Турците се населиле и православни Македонци, така што селото станало мешано.[3]
Во 1908 г. селото броело 28 домаќинства: 16 турски и 12 македонски. Истата година во Софилари бил убиен Турчин, сопственик на чифлигот, поради што македонското население било принудено да се исели во Штип.[3] По отпочнувањето на Балканските војни во 1912 година, селото го напушта и турското население, кое се иселило во Штип и Турција.[3]
Гробиштата на поранешното население биле во близина на денешното село. Тие се одделени – македонските се наоѓаат на месноста Поток на запад, а турските на месноста Брест, јужно од Софилари.[3]
Почнувајќи од 1913 г. во Софилари се населувале Власи, а богатиот сточарски род Стерјовци (Гуцевци) ја купил земјата на иселените Турци.[3]
Remove ads
Стопанство
Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 6,3 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 306 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 195 хектари и на шумите 63 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во минатото, во него имало земјоделска задруга „Братство“ и продавница.[2]
Во XIX век, Софилари било чифлиг. Муслиманските домаќинства поседувале своја земја, додека Македонците работеле како чифчии.[3]
Основачите на влашкиот род Стерјовци (Ташко, Ристо и Ѓорѓи) во 1946 г. имале околу 2.000 овци, 70 коњи и 16 волови. Истата година нивниот добиток, заедно со земјата што ја имале, станал составен дел на новоформираната задруга „Братство и единство“.[3]
Во минатото, Власите, кои се традиционални сточари, се занимвале со одгледувањето на задружниот добиток, додека со земјоделството (жито, винова лоза, сточна храна) се занимавале Македонци и Власи. Летно време, добитокот се наоѓал на Кожуф, каде останувал до Митровден, а преку зимата зимувал на атарот на селото.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селце живееле 45 жители, сите Македонци.[6]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Софилари имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[8]
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 273 жители, од кои 146 биле Власи, а 119 биле Македонци. Во 1994 година бројот се намалил на 59 жители, од кои 33 биле Македонци, а 26 жители Власи.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 33 жители, од кои 21 Македонец и 12 Власи.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 6 Македонци и 1 Влав.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Софилари:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:
- Влашки родови
- Доселеници: Стерјовци (13 к.) со старо презиме Гуцевци, првонаселеници од 1913 година. Потекнуваат од тројца браќа. Бакарци (2 к.), Зиковци (2 к.), Рибовци (2 к.), Тодоровци (1 к.), Тикови (1 к.), Симеонови (1 к.), Накови (1 к.), Пушови (1 к.) и Диневи (1 к.) сите родови се доселени во 1946 г. Родот Зиковци е доселен од кочанското село Врбица, а останатите порано биле номади.
- Македонски родови
- Доселеници: Филипови (2 к.), Ангелови (3 к.), Јаневи (4 к.), Атанасови (2 к.), Костови (2 к.), Веселинови (2 к.), Петкови (2 к.), Виткови (2 к.), Насеви (1 к.), Јанкови (1 к.), Лазарови (1 к.) и Стојкови (1 к.) се доселени меѓу 1946–1962 г. од села во околината на Кратово и Крива Паланка.[10]
Remove ads
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Софилари било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Драгоево, во која покрај селото Софилари се наоѓале селата Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Пенуш, Селце, Скандалци, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Сејдели, Хаџи Хамзали и Црешка. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Драгоево, во која влегувале селата Драгоево, Пенуш, Селце, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Хамзали и Црешка.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2291 според Државната изборна комисија, сместено во приватна куќа.[11] Истото било затворено во 2024 година.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[13]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Цркви
- Црква „Св. Јоаким Осоговски“ — главна селска црква
Галерија
- Реката Брегалница кај селото
- Реката Брегалница кај селото
- Поглед во селото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads