Софрониј Врачански
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Софрониј Врачански (бугарски: Софроний Врачански; 1739–1813), познат и со своето световно име поп Стојко Владиславов, а подоцна Врачански епископ, е народен просветител, духовник од Бугарија, тој бил и прв следбеник на делото на Св. Паисиј Хилендарски. Во почетокот на 19 век тој е приман од руската и романската влада за основен претставник на христијанската заедница во Бугарија.
Remove ads
Биографија
Ран живот и образование
Софрониј Врачански е роден во 1739 година во Котел во семејството на богати трговци. Учел во неговиот роден град. Учел во ќелијно училиште во родниот град, од, според неговиот исказ, словенски и грчки црковни книги. Заправо, според неговата Автобиографија, тој во училиште научил да чита и и пишува грчки, додека бугаркото писмо самиот го изучил. Мајка му умрела кога имал само три години, така што неговиот татко бил принуден да се ожени по вторпат. Маќеата лошо се однесувала спрема него.Но, вистинските проблеми настапиле кога починал и татко му, во неговата 9-та година, оставајќи многу долгови. Роднините разграбале сѐ што можеле. За да заработи за живот одел по околните села, главно работејќи како абаџија, сѐ додека за него не се зазеле некои чорбаџии, па го замолиле владиката да го ракоположи за свештеник. Работел како абаџија (шиел народни носии од грубо сукно), но кај него бил изразен стремежот спрема духовните занимања. Во 1762-та бил ракоположен за духовник. Свештеничките должности ги исполнувал во многу тешки услови. Имено, другите свештеници биле неписмени, па го попречувале на разни начини. Од друга страна пак, турската власт и грчкото свештенство му создавале големи непријатности.
Средба со Паисиј Хилендарски и улогата во Преродбата
Судбоносна за него била средбата со Паисиј Хилендарски во 1765-та во Котел. Паисиј му ја покажал својата „Историја словенобугарска“, од која тој направил препис, кој во бугарската наука е познат како „Софрониев препис“. За тоа под какви услови се случила оваа средба, какви зборови разменил Софрониј Врачански со светогорскиот ермонах, во науката не е познато. Но, неспорно е дека таа кај Софрониј поттикнала нови идеи и стремежи и го научила во кој правец да ја насочи својата дејност. Можеби поттикнат од Паисиј и со цел да го прошири образованието, тој одлучил да ја посети Света Гора. Но, Руско-турска војна (1768) и најверојатно недостигот од парични средства му попречиле да ја оствари оваа своја желба. Дури после 10 години тој ја посетил Света Гора и останал таму 6 месеци. Притоа, имал среќа да се сретне со образовани и културно поиздигнати монаси и да размени мисли со нив. Освен тоа, имал можност и да ги разгледа и библиотеките на манастирите кои што ги посетил. Кога се вратил во родниот град почнал да ги подучува децата на читање и пишување и да проповеда меѓу народот на прост бугарски јазик.
Но, грчкото свештенство не го оставало на мира, така што од архиерејот бил назначен за да собира глоба од народот. Како што и самиот се искажува во својата Автобиогрфија, сторил голем грев, затоа што неправедно собирал глоба од сиромашните христијани заради алчните и користољубиви архиереи. Во христијански дух на неговото Житие, како и начинот на однесување се она по што тој можеби е најзапаметен во бугарската литературна наука.
Свештеничка и епископска дејност
Во периодот од 1792 до 1793 година, Стојко служи во Средец (денес Софија), а потоа во Карнобат. Во 1794 година влегува во манастирот во Арбанаси, а на 17 септември истата година е ракоположен за епископ на Враца под името Софрониј. Како епископ на Враца, тој развива активна општествена дејност, при што, според некои извори, иницира испраќање на политичка делегација во Москва од името на врачанските граѓани. Одржува контакти со грчките фанариотски кругови и го посетува манастирот „Седумте престоли“ во Стара Планина, кој е дел од Врачанската епархија.
Епископските должности стануваат сè потешки поради немирите предизвикани од војските на Осман Пазвантоглу во 1797 година. Ова го принудува да ја напушти Враца и да обиколува низ Северозападна Бугарија. Во периодот од 1797 до 1800 година престојува во Видин, што му помага да ги дефинира своите цели како писател и духовен водач.
Заминување во Влашка
Во 1803 година, Софрониј заминува за Букурешт, каде служи како високо духовно лице. На негово инсистирање е ослободен од епископската должност, но продолжува да се потпишува како Софрониј Врачански. Меѓу 1806 и 1812 година, тој е еден од најистакнатите претставници на бугарскиот народ во односите со руското воено раководство за време на Руско-турската војна. Во 1808 година испраќа полномошно од Букурешт до бугарскиот претставник во Петербург, Иван Замбин, кој заедно со Атанас Николаев е на дипломатска мисија.

Автор е на зборникот „Неделник“ - првата печатна книга на новобугарски јазик. Канонизиран е за светец од Бугарската православна црква со писмен акт на патријарх Кирил во 1964 г.[1] Неговата автобиографија, "Житие и страданија грешнаго Софронија" (ок. 1804 г.), е првата автобиографија пишана на бугарски јазик. Автор е на првиот препис на Паисиевата "Историја словенобугарска".
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads