Историја словенобугарска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Историjа словенобугарска (оригинален наслов: Истори́ѧ славѣноболгарскаѧ, Историја славјаноболгарскаја; бугарски: История славянобългарска, Историја славјаноб'лгарска) e првата ренесансна работа на бугарската историографија напишана од Паисиј Хилендарски во Хилендарскиот манастир и Зографскиот манастир во периодот 1760 - 1762 година.
Прв препис на делото е од Софрониј Врачански (1765). [1] Оригиналниот ракопис на Паисиј го открил Јордан Иванов во Зографскиот манастир во 1906 година.
Remove ads
Содржина
Предисловието (предговорот) на „Историја словенобугарска“ е еден од највпечатливите и најпознатите делови од делото, често цитиран поради неговиот страствен и патриотски тон. Пајсиј го започнува со директен повик до своите читатели – Бугарите – да ја ценат својата историја, јазик и култура. Тој изразува длабоко разочарување од оние Бугари кои го занемаруваат или се срамат од своето потекло, особено под влијание на странските култури (главно грчката, поради доминацијата на грчкото свештенство во црквата под османлиска власт).
Пајсиј остро ги критикува Бугарите кои го презираат својот јазик и се восхитуваат на туѓите култури. Тој пишува: „О, неразумни јуроде! Зошто се срамиш да се наречеш Бугарин и не читаш и не говориш на својот јазик?“ Ова е директен повик за будење на националната свест и гордост.
Remove ads
Преписи
По завршувањето на книгата, Паисиј продолжил да патува и сам да ја распространува.
За прв зачуван препис се смета преписот од 1765 година, порачан од богатите граѓани на Котел и направен од Софрониј Врачански. Вториот бил направен во 1771 година во Самоков од поп Алекси. За тие преписи се знае дека биле препишувани директно од оригиналот на Паисиj и во негово присуство. Од периодот до краjот на 18 век се познати околу 10 ракописни преписи, а до краjот на 19 век нивниот броj е повеќе од 60.
Следната табела дава преглед на досега познати преписи и преработки вклучувајќи ги датирањата и авторите.[2]
Вистинска историска вредност "Историjа словенобугарска" добила во првата половина на 19 век и натаму по неjзиното прво преработено печатено издание, направено од Христаки Павлович во Будимпешта во 1844 година со наслов Царственик или историjа болгарска. Царственикот претставува своевидна христоматија што вклучувало и некои делови од "Стематографијата" на Христофор Жефаровиќ, а било користено како учебник по историjа во преродбенските училишта.
Remove ads
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads