Специјално јавно обвинителство

From Wikipedia, the free encyclopedia

Специјално јавно обвинителство
Remove ads

Специјално јавно обвинителство (скратено: СЈО) — јавно обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, обелоденето од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Кратки факти Специјално јавно обвинителство, Податоци за органот ...
Remove ads

Историја

Специјалното јавно обвинителство произлегува од пржинскиот договор, договор потпишан помеѓу водачите на четирите најголеми политички партии за разрешување на политичката криза во Македонија. СЈО е формирано со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. На функцијата Специјален јавен обвинител, Советот на јавните обвинители на 15 септември 2015 година ја избрал Катица Јанева.[1][2]

По предлог на Катица Јанева на 14 октомври 2015 година, од страна на Советот на јавни обвинители биле избрани јавните обвинители Елизабета Јосифоска, Фатиме Фетаи, Стевчо Дончев, Бурим Ристеми, Љубомир Лапе, Марија Горгева, Лејла Кадриу како јавни обвинители кои му помагаат на Јавниот обвинител кој раководи со Специјалното јавно обвинителство.[1]

На 4 ноември 2015 година, по повторен предлог на Јавниот обвинител кој раководи со СЈО, од страна на Советот на јавни обвинители биле избрани јавните обвинители Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads