Споменик на Цар Самоил (Скопје)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Споменикот на Цар Самоил претставува монументален мермерен споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 28 јуни 2011 година.[1]

Споменикот е изработен од бел мермер, висок е 5 метри, поставен на постамент исто така од бел мермер со висина од 3,5 метри. На постаментот има бронзени релјефи.[2] Споменикот се наоѓа на централниот плоштад во Скопје пред почетокот на улица „Македонија“. Автор на споменикот е Димитар Филиповски, а споменикот е изработен во уметничката галерија Пјетро Базанти е Фиљо и леарницата Фернандо Маринели од Фиренца, Италија и чинел 1,5 милион евра.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads